Свет
Хрватска ќе отвори истрага за нерегистрираните вакцини
Хрватската премиерка Јадранка Косор бара истрага за тоа како министерот за здравство набавил 4,3 милиони нерегистрирани вакцини за свински грип во вредност повеќе од 11 милиони евра , иако за тоа немало потреба, јавуваат хрватските медиуми.
Се работи за договор за набавка на вакцини што го потпишал Имунолошкиот завод на Хрватска со една фармацевтска компанија, а за која знаел и дозвола дал министерот за здравство. Во целата набавка не е вклучена само Хрватска, туку станува збор за регионална набавка на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија, во вкупна вредност од близу 45,5 милиони евра. Вакцината која се набавува не е регистрирана никаде во Европа.Според дневник.хр Косор била навистина лута за незаконската набавка што ја направил Имунолошкиот завод.„Секако дека ќе барам објаснување од министерот за здравство, па потоа тој, но и јас ќе реферираме што точно се случило“, изјави вчера хрватската премиерка.Оваа не е прв пат министерот за здравство да биде во центарот на вниманието на јавноста во врска со свинскиот грип. Тој пред неколку месеци најави дека во државата има регистрирано болни од свински грип, после неколку дена демантираше, за на кајр пак да признае дека постојат болни заразени од новиот тип А Н1Х1.На големата набавка од милионски дози на вакцини, најмногу реагира здравствениот синдикат според кој не се работи само за парите, туку и за тоа дека нерегистрираната вакцина може да предизвика нус појави.Министерот за здравство се правда дека набавката ја направил поради тоа што била вонредна ситуацијата со свинскиот грип во Европа и во светот. Според хрватските закони, во случај на вонредна ситуација министерот може да одлучи за интервентен увоз на лекови, без одобрение на владата и без тендер за јавна набавка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

