Свет
Иран лансираше уште две ракети

Иран се обидел да лансира уште две нови ракети, како дел од почетокот на повеќедневните воени вежби што се во организација на Чуварите на револуцијата, објавува иранската државна телевизија.
Телевизискиот програм на англиски јазик Прес ТВ соопштува дека се тестирани две нови ракети до краток дострел и повеќецефни ракетни фрлачи, пренесува Ројтерс. Иран, мината недела објави дека извршил лансирање на неколку ракети, за кои експертите тврдат дека можат да стигнат до Израел и до американските бази во Заливот. Воените вежби се одржуваат во момент кога се заостри политичката криза околу нуклеарната програма на исламската република. Тоа се случи откако Иран потврди дека освен Натанза изградил и друг центар за збогатување на уран во близина на Кома, 100 километри од главниот град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна станбен блок во Индија

Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.
Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи. Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.
Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.
Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот.
Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници