Свет
Турција и Ерменија ќе се смират после 100 години кавга

Tурција и Ерменија на 10 октомври во Цирих ќе потпишат спогодба за идното обновување на дипломатските односи меѓу државите кои беа нарушени уште во времето на отоманската империја, соопшти турски владин извор.
Министрите за надворешни работи треба да потпишат два протокола, чија содржина е веќе договорена, изјавил изворот што посакал анонимност. Турција и Ерменија претходно овој месец соопштија дека договориле потпишување на два протокола, што предвидуваат од една страна обновување на дипломатските односи и отворање на заедничката граница, а од друга страна – составување календар за серија мерки за подобрување на билатералните врски. За да влезат во правна сила двата протокола треба да бидат ратификувани од парламентите на двете земји. Разојот на односите меѓу Анкара и Ереван досега беше попречуван од длабоките разлики заради ерменскиот геноцид за време на Отоманската империја.Според Ерменија, за време на Османлиската империја, посебно во периодот 1915-1917 година биле убиени 1,5 милиони Ерменци. Турција тврди дека има меѓу 250.000 и 500.000 жртви. Анкара категорично ја отфрла тезата за геноцид и се спротивставува на меѓунарродното признавање на настанот за таков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
По две недели, студентите ја прекинуваат блокадата на РТС

Студентите во Белград вечерва објавија дека ја прекинуваат блокадата на зградата на Радио и телевизија на Србија, објави Б92.рс.
Тие на социјалните мрежи објавија дека ја прекинуваат блокадата што беше воведена од 14 април, откако Комисијата за култура и информации донесе одлука за откажување на стариот конкурс и распиша нов конкурс за избор на членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ).
Министерот за информации и телекомуникации, Борис Братина, синоќа изјави дека верува оти распишувањето на нов конкурс за избор на членови на советот на РЕМ, кој беше поставен како услов за прекин на блокадата на РТС, нема да ја заврши кризата околу јавниот сервис.
„Прво, оние што протестираат пред РТС всушност се на погрешна адреса. Бидејќи РЕМ се наоѓа на различна адреса од РТС, и тоа е она што всушност најмногу ги интересира, како и многу други. Генерално, тоа е еден вид борба за тој РЕМ, бидејќи највредните работи таму се всушност овие природни ресурси, со други зборови, фреквенциите што ги доделуваат“, истакна Братина.
Тој рече дека Владата добила писмо од директорот на РТС, во кое се наведува дека новинарите немаат услови да работат од дома, дека ситуацијата е тешка, дека програмата е доведена во прашање, но дека никаде не е наведено зошто.
Поради блокадата, РТС ја емитува својата програма според изменет распоред, а јавниот медиумски сервис објави дека вработените вложуваат големи напори за реализација и емитување на програмата, и покрај, како што велат, нелегалната блокада на зградата, студиото, емитувачката и другата опрема, како и прогонот на новинарите и снимателите на терен.
Свет
И Северна Кореја потврди дека нејзини војници се бореле против Украина

Кина одби да го коментира фактот дека и Москва и Пјонгјанг потврдија дека севернокорејските сили учествувале во борбите против украинските сили во Курската област, на руска територија.
И покрај изолацијата на Северна Кореја на меѓународната сцена и меѓународната осуда на Русија за нејзината целосна инвазија на Украина, Кина одржува економски и дипломатски односи со двете земји.
На прес-конференција, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, изјави дека „интеракцијата меѓу Пјонгјанг и Москва, вклучително и воената соработка, е нивна сопствена работа“.
„Ставот на кинеската влада е дека не се меша во односите на трети земји“, додаде Гуо.
Денеска Северна Кореја официјално првпат потврди дека, по наредба на лидерот Ким Џонг-ун, испратила сили да се борат заедно со руските сили во Курската област.
Русија првпат јавно ја потврди оваа информација два дена претходно. Пред тоа, ниту Москва ниту Пјонгјанг јавно не го признаа распоредувањето на силите.
Свет
Санчез до Шпанците: Користете ги мобилните телефони одговорно

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, изјави дека телекомуникациите се во критичен момент и ги повика граѓаните одговорно да ги користат своите телефони.
Официјалната причина за прекинот на електричната енергија сè уште е непозната, како што рече шпанскиот премиер.
Од друга страна, Португалците рекоа дека причината е редок атмосферски феномен во Шпанија.
Премиерот додаде дека нема дефинитивни информации за причината и додаде дека во моментов нема закана за јавната безбедност.
Санчез, исто така, истакна дека платните системи и дигиталното банкарство работат нормално.
Тој додаде дека Советот за национална безбедност ќе се состане повторно денес за да процени дали треба да се воведат дополнителни мерки.