Свет
САД бараат од Израел да ги истражи тврдењата за воените злосторства

САД денеска го повикале Израел да спроведе веродостојна истрага за тврдењата дека неговите сили извршиле воени злосторства во Појасот Газа, порачувајќи дека и натаму ќе го помагаат мировниот процес на Блискиот Исток, пренесуваат новинските агенции
Помошникот на американскиот државен секретар Мајкл Познер оценил дека лидерите на Хамас, исто така, имаат одговорност да ги истражат злосторствата и да стават крај, како што наведе, нападите на цивилите и користењето на палестинските цивили како „живи штитови“ во Газа.Советот на ОН за човекови права денеска во Женева расправал за извештајот на Ричард Голдстон, шеф на комисијата на ОН која го обвини Израел за воени злосторства во Појасот Газа.„Го поддржуваме Израел во тоа да ги искористи соодветните домашни правосудни механизми и да ги истражи овие тврдења“, рекол Познер во обраќањето до Советот, во чија работа САД учествуваат првпат оваа година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Телото на уште еден убиен новинар е пронајдено во Мексико

Независен новинар е пронајден мртов на северот на Мексико, како нова жртва во серијата од 13 убиства на новинари и медиумски работници годинава, соопшти денеска државното обвинителство.
Обвинителството во северната погранична држава Сонора објави дека тетоважите на телото, пронајдени во пограничниот град Сан Луис, одговараат на тетоважите што ги имал и новинарот Хуан Арјона Лопез, но се уште не е официјално потврдено дека тој е жртвата, пренесува АП.
Сан Луис беше долго познат по медицинските и стоматолошките ординации каде доаѓаа Американците, се додека во последните неколку години овој дел од Мексико не стана сцена на насилни конфликти меѓу нарко-картелите.
Во март, доброволци пронајдоа 11 тела во тајни гробници во пустината во близина на Сан Луис, во близина на локална депонија за ѓубре,пренесе Танјуг.
Свет
Северна Кореја лансираше две крстосувачки ракети

Денеска Северна Кореја најверојатно тестирала две крстосувачки ракети кон Жолтото Море, изјави јужнокорејски воен претставник, а пренесува Јонхап.
Лансирањето се случи кога јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол одржа прес-конференција за да го одбележи својот 100-ти ден од функцијата и откако во говорот два дена претходно детално ја опиша „храбрата иницијатива“ која би требало да му помогне на Пјонгјанг да ја подобри својата економија, во случај да презема чекори кон денуклеаризација.
Иако на Пјонгјанг му е забрането да лансира технологија за балистички проектили според резолуциите на Советот за безбедност на ОН, ова лансирање на крстаречка ракета не е нивно кршење,пренесе Танјуг.
Свет
Бајден го потпиша Законот за климата вреден 430 милијарди долари

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја потпиша сметката од 430 милијарди долари, која се смета за најголем пакет климатски мерки во американската историја и има за цел да ги намали емисиите на штетни гасови, но и да ги намали цените на лековите на рецепт и зголемената инфлација, пренесува Ројтерс.
Законот што Бајден го потпиша вчера на церемонија во Белата куќа, во присуство на водечки демократи, ги опфати најзначајните инвестиции на федералните власти во борбата против климатските промени од околу 375 милијарди долари за 10 години.
Малку порано Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои предлог-законот за климатски промени, здравство и даноци, кој се нарекува и закон за намалување на инфлацијата, а претходно истото го направи и Сенатот.