Свет
Египет строго ја чува територијалната граница
Египетската полиција спречила девет илегални имигранти од Африка кои се обидувале да влезат во Израел, јавуваат локалните медиуми во Египет
Граѓани од Етиопија и Еритреа се обидувале да ја преминат бодликавата жица која се наоѓа неколку километри подалеку од официјалниот граничен премин. Кога полицијата предупредила со пукање во воздух, имигрантите се предале.Имигрантите рекле дека стремеле кон Израел за да најдат работа. Секој од нив платил околу 1.000 американски долари за услугите на водачот кој им ветил дека ќе ги пренесе во израелска територија.Ова не е прв пат имигранти да се обидат да преминат во Израел. Египетската војска оваа година убила 16 илегалци во обид за пенетрација. Во 2008 г. таа бројка била 28 луѓе.Интернационалните организации за човекови права од властите во Египет побарале забрана за пукање кон невооружени лица, но Каиро инсистира на правото да ја заштити границата, кое вели дека војската пука кон тие кои што ќе ги игнорираат предупредувањата.Според египетските власти, криминални групи специјализирани за пренесување на илегалци преку граница оперираат во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.