Свет
Роденденот на Путин

Дека власта во Русија одржува добри односи со Руската православна црква го покажа и денешното писмо на патријархот Кирил со кое му го честита роденденот на премиерот Владимир Путин
„Вие правите многу за пребродување на последиците од светската економска криза и за создавање благопријатни услови за ефективно развивање на Русија во иднината“, се вели во писмото за Путин, во кое претходно последиците од кризата се споредуваат со „пост во државата“.
„Со тактика која е својствена за Вас, Вие настојчиво ги заштитувате интересите на државата, со што го потврдувате авторитетот на власта. Со разумна употреба и принципиелност Вие се одликувате со познавање и умеење да ги разберете потребите на обичниот граѓанин. Својствената Ваша мудрост, базирана на богатото политичко искуство, покажува залог за стабилност на нашата држава“, се вели во обраќањето на Рускиот патријарх.
Рускиот патријарх Кирил изразил и благодарност кон премиерот Путин „за постојаното добро и внимателно однесување кон Руската православна црква, кон потребите и очекувањата на рускиот народ во државата и надвор од неа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Јас сум жив и подготвен сум да го жртвувам својот живот“: иранските медиуми објавија дека советникот на Хамнеи го преживеал израелскиот напад

Иранските државни медиуми објавија дека Али Шамкани, врвен советник на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, сепак е жив. Тие велат дека Шамкани се опоравува во болница од повредите здобиени во израелскиот напад.
Неколку новински агенции, вклучувајќи ги и новинските агенции Фарс и Мехр, објавија соопштение кое му се припишува на Шамкани. „Жив сум и подготвен да го жртвувам својот живот“, наводно рекол Шамкани.
„Денот на победата е близу. Името на Иран ќе свети силно во аналите на историјата како што отсекогаш блескало, а насмевките на мачениците ќе ја одразуваат нашата иднина“, додал тој.
Иранските медиуми минатата недела објавија дека Шамкани е убиен во првиот бран израелски воздушни напади. Сепак, се чини дека веднаш бил однесен во болница и дека лекарите успеале да му го спасат животот.
Шамкани беше највисок функционер за национална безбедност на Иран во изминатата деценија и го претставуваше Иран во разговорите за зближување со Саудиска Арабија, посредувани од Кина.
Свет
Иран: Нема да преговараме додека Израел напаѓа

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека Техеран нема да води никакви разговори со САД сè додека продолжува израелската агресија против Иран.
„САД се партнер во злосторството на Израел против Иран. Нема простор за преговори со нас сè додека не престанат израелските напади“, изјави Аракчи за иранската државна телевизија, објави Ројтерс.
Свет
МААЕ: Оштетени се клучните згради во иранската нуклеарна постројка

Клучни згради во нуклеарниот објект на Иран се оштетени во израелски напад, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Израелскиот напад рано наутро беше насочен кон објектот и реакторот за тешка вода во Хондаб.
Реакторот беше погоден и оштетен, но МААЕ вчера соопшти дека во тој момент не бил оперативен и дека не содржел „никаков нуклеарен материјал“.
Агенцијата додаде дека нема информации за можен удар врз соседен објект.
Во денешното ажурирање, МААЕ соопшти дека „клучните згради“ во производствениот погон се оштетени.
Наводно, тие вклучуваат и единица за дестилација.
Израел ги започна нападите минатиот петок, тврдејќи дека Иран е блиску до изградба на нуклеарна бомба.
Оневозможувањето на нуклеарната инфраструктура на Иран е главната цел на израелските напади, кои продолжија во последните денови на повеќе локации.