Свет
Во пожар во Сао Паоло изгореа 200 домови

Најмалку двесте семејства останале без домови во голем пожар што го зафати бразилскиот град Сао Паоло, а според информациите на агенциите три часа им требало на пожарникарите со триесетина возила да го стават огнот под контрола
Пожарот почнал да се шири од населбата со дрвени бараки, предизвикувајќи голема паника меѓу жителите кои ги напуштиле домовите само со најосновните работи. Причината за пожарот се’ уште не е позната.Првиот човек на Сао Паоло ветил дека сите што останале без покрив над глава, ќе бидат згрижени од градските власти. Локалните медиуми потсетуваат дека во последните неколку години во овој сиромашен кварт избувнале три големи пожара. Исто така, во информациите се додава и дека заради честите и обилни дождови во овој дел од градот доаѓа до лизгање на почвата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Постигнат договор за новата германска влада

Четириесет и пет дена по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) постигнаа договор за заеднички коалициски договор. Оваа среда во 15 часот раководството на двете партии ќе ѝ се обрати на јавноста и ќе го презентира постигнатиот договор. Според пишувањата на германските медиуми, веќе е договорена поделбата на најважните министерства.
СПД на тој начин треба да ги преземе Министерството за финансии, Министерството за одбрана и Министерството за правда. Според весникот „Билд“, Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи ќе им припаднат на демохристијаните, пренесува „Дојче веле“.
Претходните денови најголем дел од преговорите беа за мигрантската политика, како и за даночните и за пензиските прашања. Изминативе денови некои од претставниците на ЦДУ го предупредија лидерот на партијата Фридрих Мерц да не прави премногу отстапки на СПД, што може да ја загрози промената на политичкиот курс најавена во кампањата.
ЦДУ на изборите на 23 февруари освои 28,5 отсто од гласовите и со тоа стана најсилната политичка сила, но сепак беше принудена да најде коалициски партнер за да обезбеди мнозинство во Бундестагот, стои во написите.
Свет
(Видео) Стаорци големи колку мачки се шетаат во вториот по големина град во Велика Британија

Бирмингем, најпознат како центар на британската индустриска револуција во последните години, се соочува со финансиски тешкотии, а сега купишта вреќи со ѓубре се трупаат на улиците додека работниците од комуналните претпријатија штрајкуваат поради спорот со градскиот совет во врска со платата.
Според извештаите, градот се соочува со зголемување на наездата на стаорци како резултат на оваа ситуација, пренесува Си-ен-ен.
Медиумите јавуваат дека во градот шетаат стаорци со големина на мачки.
Свет
Кина одговори – ги зголемува царините за увоз од САД на 84 отсто

Кинеското Министерство за финансии денеска објави дека ги зголемува царините за увоз од САД од 34 на 84 отсто како одмазда за давачката што ја воведе Вашингтон на нејзиниот извоз.
Претходно денеска, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, изјави дека Кина ќе продолжи да презема решителни и силни мерки за заштита на своите легитимни права и интереси.
Тој посочи дека Кина нема да дозволи никој да го лиши кинескиот народ од своето легитимно право на развој, како и дека нема да дозволи штета на кинеските интереси, објави „Глобал тајмс“.
Денеска, стапија во сила новите царини што САД им ги воведуваат на земјите во светот, вклучително и онаа од 104 отсто за Кина.