Свет
Пакистан тврди дека за еден ден се ликвидирани 60 милитанти

Пакистанската армија соопшти дека 60 милитанти биле убиени во првите 24 часа на голема операција против талибаните во близина на авганистанската граница,а дека во истиот период настрадале шест војници
Западните агенции забележуваат дека овие бројки не можат да бидат проверени од независни извори, бидејќи армијата го забранува движењето на новинарите во регионот каде ја спроведува офанзивата почната во саботата. Иззвори од пакистанската армија претходно во недела утрото соопштија дека првиот ден од офанзивата во северозападната провинција Јужен вазиристан блису границата со Авганистан, војниците наишле на пожесток отпор отколу се очекуваше. Западните медиуми јавуваат дека нивните разузнавачки извори велат дека околу 30 илјади пакистански војници учествуваат во офанзивата која е подобро подготвена од претходно. Претходно во периодот од 2004 г. Пакистан презема три безуспешни офанзиви во истиот палнински и тешко пристапен регион кој го контролираат талибаните и муџахедини на Ал Каеда. Овојпат војската во тешко преистапните палнински предели употребува комбинирани напади на авијацијата и артилеријата за разбивање на бунтовничките упоришта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Нов напад на Израел врз Иран

Израелската армија соопшти дека Техеран повторно е нападнат. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нивните воздушни сили напаѓаат воени цели во областа Техеран. Иранската револуционерна гарда објави дека неколку проектили ги погодиле северните и источните предградија на Техеран.
Новинската агенција Фарс јавува дека експлозии се слушнале во градот Карај, западно од Техеран. Во извештајот се додава дека противпожарните и спасувачките возила се на терен, во близина на аеродромот Пајам. На социјалните мрежи кружат снимки од нападот.
An Israeli airstrike targeted the Iranian Public Security Police, FARAJA, Headquarters, located on Rashid Yasemi Street in the capital Tehran. pic.twitter.com/5b1ccweOQX
— OSINTWarfare (@OSINTWarfare) June 18, 2025
„Израелските воздухопловни сили го уништија седиштето на иранската внатрешна безбедност“, објави израелскиот министер за одбрана. „Торнадото сè уште го погодува Техеран“, изјави Израел Кац.
„Воените авиони сега го уништија седиштето на внатрешната безбедност на иранскиот режим, главниот репресивен апарат на иранскиот диктатор“.
‼️🚨⚡️An Israeli air strike on Tehran police headquarters on Rashid Yasemi Street. pic.twitter.com/Z6WcLHA26f
— MOSCOW NEWS (@MOSCOW_EN) June 18, 2025
Иранската државна телевизија Прес ТВ објави дека израелски воздушен напад погодил област во близина на објектот на Црвената полумесечина во Техеран.
„Израелски напад беше пријавен во близина на објектот на Црвената полумесечина во Техеран“, се вели во соопштението на Прес ТВ на Телеграм.
Непосредно пред објавувањето на веста за нападот, израелската војска објави дека нејзините воздушни сили изведуваат напади врз „воени цели на иранскиот режим во Техеран“.
JUST IN: The Police Command Headquarters in Tehran, Iran, was just hit by an attack.#Israel #Iran pic.twitter.com/LtQvl5cAWe
— X News (@X_News09) June 18, 2025
Свет
Тие што не’ познаваат знаат дека е подобро да не ни се закануваат, рече иранскиот врховен лидер

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска предупреди дека секое директно вклучување на САД во конфликтот меѓу Иран и Израел ќе има непоправливи последици.
„Ционистичкиот ентитет (Израел) направи голема грешка и ќе се соочи со последиците“, рече Хамнеи во телевизиско обраќање.
Тој додаде дека Иран нема да го прости нарушувањето на неговиот воздушен простор или пролевањето на крвта на неговите, како што ги нарече, маченици.
„Оние кои ја знаат историјата на Иран и народот знаат дека е подобро да не се закануваат“, рече Хамнеи и нагласи:
„Американците мора да разберат дека секоја воена интервенција несомнено ќе предизвика сериозна, непоправлива штета. Тие мора да знаат дека Иран нема да се предаде и дека секој американски напад ќе ги чини скапо – во форма на сериозни и непоправливи последици“.
Регионалните тензии ескалираа од петокот, кога Израел изврши воздушни напади на повеќе локации низ Иран, вклучително и воени и нуклеарни постројки, што го натера Техеран да возврати.
Регион
Укинат притворот за петмина осомничени за смртта на 16 лица на железничката станица во Нови Сад

Апелациониот суд во Нови Сад го укина притворот на петмина осомничени во истрагата за фаталното уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 16 лица, објави судот.
Судот донесе одлука со која делумно ги прифати жалбите на адвокатите на обвинетите во кривичната постапка во врска со трагедијата во Нови Сад, која предизвика бран повеќемесечни протести и обвинувања за корупција и лошо извршување на работите за неодамнешната реконструкција на станицата.
Меѓу првично уапсените, судот веќе претходно го укина притворот на поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ, а со нова измена на одлуката, уште петмина обвинети беа ослободени од притвор, против кои ќе се примени електронски надзор и тримесечна забрана за напуштање на станот, како и забрана за користење на телефон, интернет и прием на други лица во станот.
Кон крајот на минатата година, беше поднесено обвинение против 13 лица, но судот го врати на понатамошна истрага.
Меѓу обвинетите се поранешната вд директорка на Српската железничка инфраструктура Јелена Танасковиќ, поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ и неговата помошничка Анита Димовски, како и поранешниот генерален директор на Српската железничка инфраструктура Небојша Шурлан.
Тие се обвинети за кривични дела против јавната безбедност и предизвикување јавна опасност. Во обвинението се товарат и неколку инженери, проектанти и лица одговорни за изградба, контрола и надзор.