Контакт

Свет

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазда

Објавено пред

Еден ден по крвавиот атентат во југоисточниот град Пишин, во кој меѓу 42-та загинати се убиени и седум високи команданти на иранската Револуционерна гарда, нивниот главен командант се закани до САД и Велика Британија со одмазда а се нарушени и традиционално добрите односи со Пакистан

dobivaj vesti na viber

Врховниот командант на Револуционерната гарда генералот Мохамад Али Џафари изјавил дека иранските разузнавачки служби имаат документ кој покажува дека во атентатот врз командантите на елитната единица Чувари на револуцијата  има, како што рекол – директна поврзаност меѓу сунитската организација Џандалах и американските, британските и пакистанските разузнавачки служби.„Зад нападот стојат американските и британските разузнавачки апарати и ќе биде нужно да се преземат мерки на одмазда за да бидат казнети“, изјавил Џафари, како што пренесува иранската новинска агенцијa ISNA. Одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во градот Пишна ја презема сунитската бунтовничка организација Џундалах – Божји војници, која тврди дека се бори против доминацијата на доминантната шиитска популација и нивната дискриминација врз малцинските сунити Белучистан. Иранските власти ја обвинуваат за повеќе терористички напади кои се извршени од 2005 г. во покраината Систан-Белучистан на границата со Пакистан.Техеран од Исламабад побара побара предавање на лидерот на Џундалах, Адбулмалик Рихи, за кого Џафари изјави дека дејствува по налог на претходно споменатите разузнавачки служби. Тој додал дека иранското воено раководство наскоро ќе го посети Пакистан за, како што рекол – „ да им покажеме дека знаеме за нивната поддршка на Џундалах“.Сите три држави обвинети дека стојат зад нападот, уште во неделата го осудија терористичкиот акт кој е најкрвавиот напад од завршувањето на војната со Ирак во 1988 г. „Најсилно ги отфрламе сите обвиненија дека ова има какви да се врски со Велика Британија. Британската влада го осудува терористичкито напад во Иран и болната загуба на животи кој се предизвикани со него. Тероризмот е застрашувачки каде и да се случи“, изјави во понеделникот портпаролот на Форин офисот, а западните медиуми забележуваат дека до збор е иста со изјавата што во неделата ја даде портпаролот на американскиот Стејт департмент Иан Кели. Абдул Базит, портпаролот на пакистанското министерство за надворешни работи изјави дела Пакистан не учествува во терористички активности, туку дека се обидува да ја искористи оваа појава. Нападот се заканува да ги влоши досега добрите односи меѓу Иран и Пакистан, кои планираа и изградба на заеднички гасовод, иако Иран подолго време тврди дека Џундалах дејствуваат од пакистанска територија. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад телефонски го повикал пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари и побарал помош од Пакистан во наоѓање на напаѓачите. „Ако Иран и Пакистан се братски поврзани, присутноста на терористичките групи во вашата држава не може никако да се оправда“, рекол во телефонскиот разговор Ахмадинеџад, како што пренесува иранската државна агенција IRNA.Припадниците на Џундалах по акција во Иран можат многу брзо да преминат на пакистанска територија, при што Чуварите на револуцијата кои ги контролираат границите на Иран не можат да ги сопрат и да ги фатат. Иранската страна нагласува дека на оваа тема биел одржани неколку заеднички средби на безбедносните сили на двете држави, но без напредок, бидејќи според Техеран пакистанските граничари не покажуваат волја за решавање на проблемот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Јапонската премиерка Такаичи освои историска победа на изборите

Објавено пред

Ризичниот потег на премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, да распише предвремени избори ѝ донесе убедлива победа – нејзината владејачка Либерално-демократска партија освои повеќе од 310 од 465 пратенички места во долниот дом, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на анкетите на јапонската телевизија NHK.

dobivaj vesti na viber

Ова е првпат по Втората светска војна една партија да има двотретинско мнозинство во парламентот. Тие сега можат да предлагаат уставни измени и да ги надгласуваат блокадите во горниот дом.

Такаичи, првата жена на чело на јапонската влада, ја доби поддршката на гласачите само четири месеци откако стана премиерка. Во јавноста е популарна по нејзината работна етика, активноста на социјалните мрежи, како и заедничките настапи со светски лидери – меѓу кои и импровизирано свирење на тапани со јужнокорејскиот претседател.

Победата ѝ овозможува силен мандат за справување со економските предизвици, слабата валута и влошените односи со Кина. Тесно соработува и со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ даде „целосна поддршка“.

И покрај позитивниот имиџ, Такаичи беше критикувана поради нејзини изјави за Тајван и интензивниот работен ритам – состаноци до 3 часот наутро. Нејзиниот коментар дека Јапонија би можела да реагира воено ако Кина нападне Тајван доведе до дипломатски тензии со Пекинг.

Прикажи повеќе...

Свет

Бабиш ја повика Европа да почне преговори со Путин

Објавено пред

Чешкиот премиер Андреј Бабиш повика Европа да започне преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, пренесоа денеска чешките медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Европските лидери сега почнаа да зборуваат дека треба да се преговара со Путин. Порано, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан беше кај Зеленски и кај Путин, сите го осудуваа тоа“, потсети Бабиш, пренесува порталот TN.

Тој ги повика европските земји да воспостават директен дијалог со Москва, оценувајќи дека тоа е неопходен предуслов за примирје.

Бабиш додаде дека Европа не е во состојба самостојно да го запре конфликтот, нагласувајќи дека „клучниот играч во преговорите е американскиот претседател Доналд Трамп“.

Тој потсети дека мир бил близу уште во април 2022 година, но дека тогашниот британски премиер Борис Џонсон го спречил договорот.

„Луѓе умираат во Украина. Мора да има дипломатско решение“, рече Бабиш, додавајќи дека излезот треба да се бара во тековните преговори.

Втората рунда на трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржа на 4 и 5 февруари во Абу Даби.

Прикажи повеќе...

Свет

„Само Трамп може да ја запре војната“ – украинскиoт министер повика на лидерска средба со Русија

Објавено пред

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, изјави дека само американскиот претседател Доналд Трамп може да ја запре војната и повика на директна средба меѓу украинскиот и рускиот лидер за да се решат најтешките прашања во мировните преговори. Според него, од мировниот план од 20 точки останале нерешени само неколку, но тие се „најосетливите и најтешки“ и бараат лидерска интервенција.

dobivaj vesti na viber

Сибиха изрази надеж дека напредокот во разговорите посредувани од САД ќе се искористи пред американските конгресни избори на есен, кои би можеле да го променат фокусот на Вашингтон.

Претходно, претседателот Зеленски откри дека САД предложиле војната да се заврши пред летото. Сè уште не е постигнат договор за прашањето на териториите и нуклеарната централа Запорожје, а бил предложен и план за „енергетско примирје“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија5 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија7 часа

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија8 часа

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија11 часа

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура12 часа

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет12 часа

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет23 часа

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија1 ден

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија1 ден

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија1 ден

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет1 ден

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет1 ден

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија1 ден

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија2 дена

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија2 дена

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија2 дена

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија2 дена

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...