Свет
Заложничка драма без жртви во Канада
Вооружен човек кој држел во заложнисштво осум луѓе во Бордот за отштета на работници во канадскиот град Едмонтон, се предал без инциденти по десетчасовно натегање со полицијата
Зградата била евакуирана од полицијата набрзо по повикот дека вооружен човек, опишан како триесетгодишен налутен барател на отштета за повреда при работа, влегол во зградата и зел заложници.Заложниците биле ослободени еден по еден преку целиот ден додека траеле преговорите со полицијата.Весникот Едмонд Журнал вели дека напаѓачот е познат како поранешен градежен работник кој има проблем со Канцеларијата за отштета при повреди на работно место, со повредено колено.Човекот има проблеми и со старателство над децата, а неодамна се заканувал дека ќе си го одземе животот со скок од мост, кога и го блокирал сообраќајот на неколку часа, додека траела интервенцијата за негово безбедно симнување од мостот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Лавина уби тројца скијачи во Италија, ги влечела стотици метри надолу
Лавина вчера погоди група од пет скијачи во северниот италијански регион Пиемонт, при што загинаа тројца од нив, соопштија спасувачите.
Двајца преживеале и со хеликоптер биле пренесени во болница. Лавината околу пладне ја погоди источната страна на планината Пунта Валгранде, на границата меѓу Италија и Швајцарија.
In Piemonte una valanga travolge un gruppo di scialpinisti italiani. I corpi delle tre vittime trascinati nella neve per centinaia di metri. La valanga si è staccata da Punta Valgrande, a Trasquera, a 2800 metri pic.twitter.com/d7iE1qnoYl
— Tg3 (@Tg3web) January 12, 2025
Лавината неколку стотини метри ги влечеше скијачите кои загинаа по удолницата, нанесувајќи им фатални повреди.
На подрачјето над 2.100 метри е издадено предупредување за „значителна опасност од лавина“.
Регион
Први резултати од изборите во Хрватска: Милановиќ доби 71 отсто од гласовите
Според првите прелиминарни резултати на Државната изборна комисија на Хрватска, актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ убедливо го победи противкандидатот Драган Приморац.
Милановиќ освои 71,02 отсто поддршка, а Приморац 28,98 отсто од гласовите.
Според податоците на комисијата, Зоран Милановиќ досега освоил 154.422 гласа, а Драган Приморац 63.027 гласа.
Потсетуваме, Милановиќ убедливо беше победник во првиот круг и му недостасуваа нешто помалку од два отсто од гласовите за да победи и да го добие вториот претседателски мандат уште тогаш.
Регион
(Видео) Хаос во Црна Гора: плажи покриени со снег, паднати дрвја поради силен ветер
Невреме придружено со силен ветер ја погоди Црна Гора. Ветерот создаде проблеми во Подгорица. Соборени се неколку дрвја, а градските служби на терен ги санираат последиците. Сите беа изненадени од снегот кој падна на црногорското приморје.
Во најјужниот град во Црна Гора, во Улцињ, од утрово врне снег. Побелеа и плажите. Неверојатни сцени од палми и плетени чадори на плажите кои побелеа под снегулките. Улцињ, Стари бар и Велики Пијешак останаа без струја поради испадот на далноводите „Можура-Улцињ“ и „Бар110-Улцињ“, поради невремето предизвикано од бурниот ветер.
Градоначалникот на Подгорица Саша Мујовиќ побара од раководителите на службите на главниот град брзо да се координираат.
Ulcinj trenutno ❄️
📹 TV Teuta pic.twitter.com/6EIbFKvKrG
— Berane online (@beraneonline) January 12, 2025
– Ги презедовме сите активности кои можат да придонесат за зачувување на граѓаните, нивното здравје и имот, сите служби се на штрек, подготвени за сите предизвици што не очекуваат кога се во прашање временските непогоди – најави градоначалникот на Подгорица, Саша Мујовиќ.
Вчера беше упатено предупредување до граѓаните на Подгорица и околината за најавените непогоди.
– По повод најавеното невреме кое вечерва ќе го зафати подрачјето на главниот град, а ќе продолжи и во наредните денови, ги известуваме граѓаните, стопанствениците, правните лица и сите субјекти на заштита и спасување за можни силни налети на ветер, лапавица и снег.
— Bojan Lazovic (@lazovicb307) January 12, 2025
Ги повикуваме сите веднаш да преземат превентивни мерки за да се избегне загрозување на човечките животи, имоти и културни и други добра на нашиот град – се наведува во предупредувањето.