Свет
Нова средба на земјите членики на НАТО на која главна тема е Авганистан
Министрите за одбрана на земјите од НАТО денеска и утре одржуваат советување, на кое главна тема ќе биде Авганистан, јавува Дојче веле на македонски јазик
По жалбите за изборни неправилности, авганистанскиот претседател Хамид Карзаи прифатил да оди на втор круг претседателски избори со својот противкандидат, Абдула Абдула. За НАТО тоа е проблем помалку и истовремено проблем повеќе – од една страна тоа значи веродостојност на Алијансата и на демократските процеси кои таа ги поддржува, а од друга страна новите избори се нов акутен безбедносен предизвик, оценува Дојче веле. Вкупно, тешкотииите со кои се соочува НАТО во Авганистан се значително зголемени. Во земјите членки, со нив расте и отпорот против ангажманот чиј крај не е на повидок.Генералниот секретар на Алијансата, Андерс фог Расмусен, уште пред најавата на Карзаи, се изјаснил што би било сега потребно: Тоа значи поголем и подобар ангажман за обновата, поголема одговорност и видливо и ефикасно залагање од авганистанската влада против корупцијата, како и подготовка на авганистанските сили во таа мерка за да можат самите да се грижат за безбедноста со наша поддршка. „Ако сакаме подоцна помалку да се ангажираме, мораме сега повеќе да инвестираме“, рекол Расмусен.Тој сметал дека Авганистан е најголемиот предизвик со кој воената Алијанса воопшто се соочила, но операцијата ќе мора да продолжи за земјата да не падне повторно во рацете на Ал Каеда. Говорејќи на безбедносната конференција во Братислава, Словачка, Расмусен рекол дека некои критичари тврдат оти цената на 8-годишниот конфликт е преголема, но заклучил оти „цената, доколку не се делува, ќе биде далеку поголема“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полска повторно отвора два гранични премини со Белорусија
Полска повторно отвори два главни патни премини на границата со Белорусија, години откако беа затворени поради влошување на односите меѓу двете земји.
Полските власти денес на полноќ повторно ги отворија контролните пунктови на патиштата Кузница и Бобровници.
Според новата одлука, преминот Кузница – Брузги ќе дозволува само патнички возила, освен автобуси, додека преминот Бобровници – Бјерестовица ќе дозволува премин на автомобили, автобуси и камиони, објавува ТВП Ворлд.
Фото: принтскрин
Свет
Писториус: Некои воени историчари веруваат дека го имавме последното мирно лето
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека војната може да избувне меѓу Северноатлантската алијанса и Русија во наредните години.
„Секогаш сме велеле дека ова може да се случи во 2029 година. Сепак, сега има и други кои велат дека тоа може да се случи уште во 2028 година, а некои воени историчари дури веруваат дека го имавме последното мирно лето“, рече Писториус во интервју за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
Писториус, исто така, тврди дека вооружените сили на земјите од НАТО мора да бидат уште подобро опремени за можни борбени операции против Русија, пренесува Спутник.
Претставничката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментираше оваа изјава на германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
„Сега нема сомнение кој е агресорот“, изјави таа.
Фото: принтскрин
Свет
Зеленски: Украина ќе увезува гас од Грција
Украина ќе увезува гас од Грција за да обезбеди снабдување со енергија за претстојната зима, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски, по средбата во Атина со грчкиот претседател Константинос Тасулас и премиерот Киријакос Мицотакис, изјави дека договорот ќе обезбеди уште еден пат за снабдување со гас со цел да се обезбеди увоз за зимата колку што е можно повеќе.
Договорот ќе покрие речиси две милијарди евра потребни за увоз на гас за да се компензираат загубите во украинското производство предизвикани од руските напади, изјави украинскиот претседател, пренесува Политико.
Украина подготвува договор со Франција за зајакнување на борбената авијација, воздушната одбрана и другите одбранбени капацитети, изјави Зеленски.
Фото: принтскрин

