Свет
Сестрата на Фидел Кастро работела за CIA
Помладата сестра на Фидел и Раул, Хуанита Кастро, јавно призна дека соработувала со американската разузнавачка агенција во борбата против кубанскиот режим пред да избега за Мајами, пренесуваат американските медиуми
Денес 76-годишната Хуанита Кастро не разговарала со двајцата браќа веќе четириесет години. Таа приказната за својот ангажман за CIA ја кажала во ТВ-емисија за американската телевизиска станица Univision-Noticias 23 која емитира програма за Хиспаноамериканците на шпански јазик. Моментот е одбран ден пред објавувањето на нејзините мемоари напишани на шпански јазик со наслов „Фидел и Раул, моите браќа, тајна исповед“, која Хуанита ја напишала со помош на мексиканската новинарка Марија Антониета Колинс која во понеделник треба да се појави во книжарниците.Хуанита во 1959 г. ја поддржувала револуцијата предводена од нејзиниот брат Фидел Кастро, кога беше симнат од власт кубанскиот диктатор Фулгенсио Батиста. Меѓутоа, таа вели дека била многу разочарана како нејзиниот брат се справувал со противниците и како ја водел подоцна државата во комунизмот. „Ги загубив сите илузии кога видов толку сторени неправди“, рекла во емисијата Хуанита Кастро. Таа опишала како во нејзината куќа во Хавана криела многу лица кои биле прогонети од режимот на нејзиниот брат и дека поради тие активности нејзиниот живот бил загрозен. Хуанита рекла дека еден ден лице кое било блиско и на неа и на брат и’ Фидел, и’ пренeсло порака за соработка од CIA. Американските агенти, како што вели Хуанита Кастро, и’ кажале многу интересни работи, а и многу интересни работи, како што рекла, ја прашувале, како на пример дали била подготвена да го преземе ризикот да работи за Агенцијата. Таа додале дека на почетокот била шокирана, но дека сепак се согласила и потоа почнала нејзината долготрајна врска со, како што рекла, најголемиот непријател на нејзиниот брат. Од 1961 до 1964. Хуанита Кастро соработувала со CIA во Хавана, во спасување на Кубанците кои се противеле на новиот комунистички режим, а потоа избегала на Мајами.Американските медиуми пренесувајќи ја оваа вест додаваат дека други подробности за активностите на Хуанита за CIA не се објавени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранскиот шеф за безбедност: Подготвени сме за долготрајна војна
Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Ларијани, изјави дека Иран е подготвен за долготрајна војна и дека иранските вооружени сили не учествувале во напади освен во самоодбрана.
Во објава на платформата „Икс“, Ларијани порача дека Иран не го започнал овој конфликт и дека ќе се брани без оглед на цената.
Тој претходно порача дека Иран нема да преговара со САД. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека новото иранско раководство сака разговори и дека тој е подготвен за тоа.
Фото: Depositphotos
Свет
Кина го поддржа Иран во одбрана од нападите, повика на итен прекин на воените операции
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со иранскиот колега Абас Арагчи изјави дека Пекинг го поддржува Техеран во одбрана на неговиот суверенитет и територијален интегритет во услови на американско-израелски напади, пренесе АФП.
Според кинеската државна телевизија ЦЦТВ, Ванг порача дека Кина го поддржува Иран во заштита на неговите „легитимни права и интереси“.
Во разговори со министрите за надворешни работи на Оман и Франција, Ванг ги повика САД и Израел веднаш да ги запрат воените операции и да се избегне понатамошна ескалација. Тој ги обвини Вашингтон и Тел Авив за „намерно поттикнување војна“ и оцени дека со тоа се прекршуваат принципите на Повелбата на ОН.
Кина, како што наведе, е подготвена да одигра конструктивна улога преку Советот за безбедност на ОН, а иранското нуклеарно прашање, според него, треба да се врати на патот на политичко и дипломатско решение.
Фото: Depositphotos
Свет
Руте: НАТО нема да учествува во воените операции против Иран
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата нема да учествува во воени операции против Иран и дека станува збор за кампања што ја предводат САД и Израел.
„Не, ова е јасно кампања што ја предводат Американците и Израелците“, изјави Руте за Би-Би-Си, одговарајќи на прашање дали силите на НАТО ќе бидат вклучени.
Тој додаде дека сојузниците на НАТО и пријателите во регионот се соочуваат со, како што рече, неселективни напади од Иран и дека Европа апсолутно ги поддржува американските потези, оценувајќи дека Иран претставува закана за Европа, Израел и поширокиот регион.
Руте посочи дека имал повеќе разговори со американски претставници и дека Вашингтон и НАТО тесно координираат, но одби да открие дали однапред знаел за нападите.
Изјавата доаѓа во услови на ескалација на конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, со меѓусебни ракетни и дрон-напади и вклучување на Хезболах во борбите од јужен Либан.

