Контакт

Свет

Откажани изборите во Авганистан

Објавено пред

Авганистанската изборна комисија објавила дека е откажан вториот круг на претседателските избори кој требаше да се одржи на 7 ноември

dobivaj vesti na viber

На конференцијата за печат која била одржана во Кабул, портпаролот на Комисијата, изјавил дека победникот во првиот круг, Хамид Карзаи, е прогласен за претседател на државата.

До ова дошло после одлуката на единствениот преостанат опозиционен кандидат, Абдула Абдула, да се повлече од вториот круг на гласање изјавувајќи дека се плаши од реприза на изборните измами од првиот круг, кога претседателот Карзаи не го исполнил неговото барање да ги смени водечките луѓе во Изборната комисија.

Во Кабул денес присуствува Генералниот секретар на НАТО, Бан Ки Мун, кој ја поздравил одлуката во врска со откажувањето на изборите и му честитал на Хамид Карзаи.

Слични честитки Карзаи добил и од САД и Британија.

Во соопштението на Американската амбасада во Кабул се вели дека САД се радуваат за тоа што ќе работат со Карзаи во спроведувањето на реформи и подобрување на безбедноста во земјата.

Се додала и оцената дека одлуката на Изборната комисија е во согласност со Авганистанскиот закон.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Драма на најпрометниот аеродром во Лондон: луѓето во паника поради сомнителен пакет

Објавено пред

Еден од терминалите на аеродромот Хитроу беше евакуиран поради „соменителен пакет“, оставајќи илјадници патници во неизвесност.

dobivaj vesti na viber

Патниците беа евакуирани од Терминалот 3 на најпрометниот британски аеродром по дојава за сомнителен предмет во зградата.

Метрополитенската полиција претходно соопшти дека е на терен и дека се справува со ситуацијата.

Портпарол на полицијата изјави за „Д Сан“: „Станува збор за сомнителен пакет и сме на лице место, постапуваме.“

На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа и фотографии од луѓе кои сведочат дека биле евакуирани поради безбедносната закана.

Сепак, полицијата подоцна потврди дека станувало збор за „лажна тревога“ и дека повеќе нема закана.

Возовите на „Хитроу експрес“ исто така беа погодени од вонредната состојба – операторот објави на социјалните мрежи дека има доцнења на некои од нивните услуги.

Сè уште не е потврдено дали ќе има доцнења и кај летовите поради евакуацијата.

„Попладнево, нашите тимови реагираа на потенцијално сомнителен предмет во Терминал 3. Како претпазливост, еден мал дел од терминалот беше привремено евакуиран додека надлежните органи ги извршија потребните проверки. Проблемот сега е безбедно решен. Им се извинуваме на патниците за предизвиканата непријатност.“, беше соопштено.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Турција воведе казни за патниците кои ќе станат пред да запре авионот

Објавено пред

Турција воведе казни за патниците кои ќе станат пред да се изгаси знакот за сигурносен појас по слетувањето, соопшти турската Агенција за цивилно воздухопловство, а пренесува Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Агенцијата наведува дека паричните казни се воведени поради поплаките од патници. Новите правила стапија на сила порано овој месец.

Агенцијата предупреди дека е забележано сериозно зголемување на ваквите инциденти, при што многу поплаки се однесуваат на патници кои земаат рачен багаж од преградите над седиштата пред целосното запирање на авионот.

Десетици милиони туристи секоја година ја посетуваат Турција. Воздухопловната агенција соопшти дека комерцијалните авиокомпании сега мора да ги информираат патниците за новите правила за време на летот и да ги пријават оние кои нема да ги почитуваат. Патниците мора да бидат информирани дека не смеат да ги одврзуваат појасите, да стануваат од седиштата и да ги отвораат преградите за багаж пред да се изгаси знакот за сигурносен појас.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Хамас го отфрли американскиот мировен план за Газа

Објавено пред

Хамас не го прифаќа предлогот на американскиот пратеник, Стив Виткоф, за примирје и размена на заложници и побара одредени промени, велат извори запознаени со деталите.

dobivaj vesti na viber

Извор за „Ерусалим пост“ изјави дека Хамас се чувствува измамен од американската администрација, со предлог кој е пристрасен кон Израел и не гарантира крај на војната.

Предлогот, исто така, бара сите заложници да бидат вратени во Израел во рок од една недела, со што ќе се изгуби дополнителната преговарачка моќ на Хамас.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски,  нагласил дека е неопходно сојузниците во...

Македонија5 часа

Пет месеци откако исчезна, Миле Тодоров виден кај планината Серта

Дваесет и осумгодишниот Миле Тодоров кој се води за исчезнат од јануари, наводно бил забележан додека се движел покрај планината...

Македонија6 часа

Арсовска да не дозволи да биде инструментализирана од структурите на ДУИ: Ганиу до градоначалничката на Град Скопје

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, на денешната прес-конференција упати предупредување за загрижувачката состојба со управувањето на отпадот и јавните...

Македонија7 часа

Директорот на АНБ не направил лажна исправа: Обвинителството ја отфрли пријавата за фалсификување

По целосно спроведена постапка и извршени проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на анонимните...

Македонија7 часа

Мицкоски: Да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, ги повика пратениците од опозицијата да ги поддржат...

Македонија8 часа

Службеници во болница во Прилеп проневериле над 2,2 милиони денари – парите од партиципација си ги ставале в џеб

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против И. М. и С.Ч. во својство на...

Македонија9 часа

Пандов повика судењето за пожарот во Кочани да биде во европската судница во Идризово од 1,3 милиони евра: Три години е празна

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов денес апелираше судиите да закажуваат судења во новата судница во Идризово. Тој...

Македонија11 часа

Вградени првите пенилни протези на Клиниката за урологија: „Историски чекор во македонското здравство“

Клиниката за урологија во Скопје испиша ново поглавје во македонската медицинска историја. За првпат, во државното здравство, беа извршени три...

Македонија13 часа

Трајко Славески избран за нов гувернер на Народна банка

Трајко Славески е избран за нов гувернер на Народна банка. Собранието доцна синоќа гласаше за неговиот избор. Тој доби поддршка...

Македонија13 часа

(Видео) Данела Арсовска: Висар Ганиу истурал ѓубре пред Град Скопје, кога му реков дека доаѓам „џом“ да го нема

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, доцна синоќа пред Град Скопје, се вклучи во живо на социјалните мрежи и објави...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата на 25 кандидати за градоначалници, повеќето ќе се борат за нов мандат

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврди 25 кандидати за градоначалници. За Град Скопје се’ уште не е донесена одлуката. Се работи...

Македонија1 ден

(Видео) Се бара донација од пченка и јаболка оти мечки се доближуваат до селата околу Шар Планина

Националниот парк „Шар Планина“ повика на донации во форма на домашна пченка и јаболка, бидејќи се забележани повеќе случаи во...

Македонија1 ден

Неопходно е да се додаде по уште една лента на експресниот пат Штип – Кочани, експертите ценат дека има и технички недостатоци

Денеска во Кочани претставници од Одделот за сообраќај на Министерството за внатрешни работи присуствуваа на експертскиот панел „Безбедносните ризици на...

Македонија1 ден

Изгласан Законот за ратификација на договорот со Обединетото кралство – власта ракоплескаше, опозицијата негодуваше

Со 76 гласа за, 6 против и без воздржани, Собранието го изгласа Законот за ратификација на договорот меѓу Владите на...

Македонија1 ден

(Видео) Јакимовски ја поддржува Арсовска: Не молчам, градат на диво, милиони испаруваат, Владата спие

Давам јавна поддршка на она што го прави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Ние може нејзе да не ја сакаме,...

Македонија1 ден

Наместо да филозофираат, Владата и Тошковски треба да ги фатат криминалците, а не да им дозволуваат на Ганиу и на Меџити да уништуваат докази, вели Арсовска

Наместо во истрага за криминалот, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на социјалните мрежи реагира дека институциите во Македонија активно учествуваат,...

Македонија1 ден

Мицкоски нема против информатичар да стане министер за здравство: Со господинот Алиу се познаваме, мислам дека добро ќе соработуваме

Премиерот Христијан Мицкоски нема забелешки за предлогот поранешниот министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу да биде министер за...

Македонија1 ден

Владата ќе дава грант од 10.000 евра за млади до 29 години за отворање на сопствен бизнис

Во Оперативниот план за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупно 16.057 невработени лица, од кои 12.537 лица во...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Доставивме документи до ДКСК, бараме итна постапка за скандалозниот тендер во МВР

СДСМ достави документи до Државната комисија за спречување на корупцијата и бара итна постапка за, како што велат, скандалозниот тендер...

Свет1 ден

Папата Лав: Плачот на мајките и на татковците што држат мртви деца во Газа достигнува до небото, запрете ја војната

Папата Лав, денес, апелира за прекин на огнот во Газа и ги повика Израел и милитантите на Хамас целосно да...