Свет
Во Барселона самит на ОН за климатските промени
Во Барселона денеска почнал петдневен самит на Обединетите Нации за климатските промени, на кој преговарачи од 175 земји имаат последна шанса да ги надминат разликите пред клучниот состанок закажан за декември во Копенхаген,пренесуваат новинските агенции
Последните недколку недели функционери од ОН изјавувале дека не постои можност до крајот на годината да се постигне договор околу сите детали на новиот обврзувачки договор за глобално затоплување, но сепак се надевале на договор околу клучните елементи од новиот документ који би требало да го замени Протоколот од Кјото по неговото истекување во 2012 година.Најголемите несогласувања биле околу тоа колку индустриски развиените земји би требало да ја намалат емисијата на јаглен-диоксид и околу износот кој богатите земји би требало да им го даваат на сиромашните за да им помогнат во борбата против климатските промени. Спорно е и прашањето колку далеку ќе одат државите во развој во ограничувањето на порастот на емисија на CO2.Директорот на Секретаријатот за климатски промени на ОН Иво Де Бур на денешното отворање на самитот во Барселона предупредил дека „времето речиси истече“, но рекол и дека и покрај тоа што разговорите се блокирани, тој „чувствувал дека пости голема желба да се постигне успех“ на самитот во Копенхаген од 7 до 18 декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

