Свет
Самит ЕУ – САД во Вашингтон
Лидерите на Европската Унија и САД ќе се сретнат во вторник на самитот во Вашингтон посветен на климатските промени, финансиската криза и ситуацијата во светот, првенствено во Авганистан и Иран
Делегацијата на ЕУ на состанокот со американскиот претседател, Барак Обама ќе ја предводи шведскиот премиер Фредерик Рајнфелт, чијашто држава во моментот е претседавач со Унијата.Според најавите, на самитот во Вашингтон ќе учествуваат шефот на шведската дипломатија, Карл Билт, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и високиот претставник на ЕУ, Хавиер Солана.Станува збор за првиот самит ЕУ – САД од доаѓањето на Барак Обама во Белата куќа. Самитот е важен затоа што се одржува непосредно пред конференцијата за климатски промени, закажана за декември во Копенхаген.Според најавите, германската канцеларка Ангела Меркел во вторник во Вашингтон ќе разговара со американскиот претседател Обама и ќе се обрати во Конгресот пред одбележувањето на 20-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.Ова е прв пат шеф на германска влада да добие можност да се обрати заедно пред пратениците и од Сенатот и од претставничкиот дом.Некогашниот канцелар Конрад Аденауер во 1957 година тоа веќе го направи, но во одвоени говори во двата дома на Конгресот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

