Свет
Талибаните ја презедоа одговорноста за убиството на 12 лица во Пакистан
Маж кој се претставил како лидер на талибаните ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад на пазар близу Пешавар во северозападен Пакистан, во кој загинаа 12 лица, а 36 беа повредени
Мажот, кој се именувал само како Омар, во телефонско јавување рекол дека нападот е извршен од локални талибански милитанти.Нападот е дело на напаѓач со автомобил-бомба, кој го активирал експлозивот пред домот на градоначалникот на една од локалните општини Абдул Малик кој загинал.„Напаѓачот пристигнал со автомобил кој го кренал во воздух во моментот кога градоначалникот се наоѓал заедно со посетители пред куќата во близина до сточен пазар“, изјавил претставник на локалната администрација Сахибзад Анис.„Освен Малик, меѓу убиените е и командир на локалните сили за борба против талибаните“, изјавил началникот на полицијата во Пешавар, Лиакат Али Хан.Според болнички извори, меѓу жртвите има и две деца.Абдул Малик беше жесток противник на алибаните и муслиманските екстремисти. Овој град е на рабните подрчја на планинските паштунски региони каде милитантите се активни и имаат свои засоолништа. Градоначалникот Малик бил тешко ранет, но подоцна подлегнал на повредите, соопштија локалните медиуми повикувајќи се на полициски извори.Малик како градоначалник на предградието на Пешавар, Матна на 16 километри од Пешавар во областа Адизаи, формирал милиција за борба против талибаните. Претходно тој бил близок со талибанското движење и со тоа станал цел на своите некогашни созјуници.Пакистанските власти страхуваат дела овој напад може да е почеток на нов бран терористички напади низ државата како одмазда за големата офанзива на армијата во провинцијта Јужен Вазиристан на граниата со Авганистан каде се наоѓаат главните бастиони на талибаните од двете држави. Во октомвири во терористичките акции во Пешавар загинаа повеќе од триста луѓе, а само во еден од најголемите напади со автомобил-бомба имаше повеќе од стотина загинати.Пакистанската војска ја презема офанзивата на 17-ти октомври во пелменските региони за да ги елиминира засолништата и базите на талибаните од Пакистан и Авганистан, во кои има странски борци, а постојат и сомневања дека таму се кријат и лидерите на Ал Каеда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Фајненшл тајмс“ тврди дека Зеленски има план за изборите, стигна реакција од Кремљ
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, се осврна на извештајот на „Фајненшел тајмс“ според кој украинскиот претседател Володимир Зеленски на 24 февруари има намера да претстави план за претседателски избори и референдум за мировен договор со Русија. Песков порача дека за тоа „е прерано да се зборува“, пишува „Украинска правда“.
„Гледаме дека во медиумите се појавуваат контрадикторни информации. Еден извор тврдеше дека почнале подготовки за избори, додека друг извор од администрацијата, од канцеларијата на киевскиот режим, тоа го демантираше“, изјави Песков.
Портпаролот на Кремљ додаде дека ваквите информации треба внимателно да се следат и да се земат предвид.
„Но, сепак треба да се водиме од релевантни извори“, заклучи тој.
„Фајненшел тајмс“ претходно, повикувајќи се на свои извори, објави дека претседателот Зеленски на 24 февруари ќе претстави план за претседателски избори, заедно со референдум за мировен договор со Русија. Канцеларијата на претседателот на Украина сè уште официјално не се огласила за овој извештај.
Недамнешните истражувања на јавното мислење покажуваат дека мнозинството Украинци се против одржување избори пред завршување на непријателствата. Поголемиот дел, исто така, ги отфрлаат предлозите за предавање на целиот регион Донбас под руска контрола во замена за безбедносни гаранции од САД и Европа.
Сепак, 55 отсто од Украинците поддржуваат одржување референдум за мировен договор за завршување на војната со Русија, додека 32 отсто се против. Во меѓувреме, украинската организација „Граѓанска мрежа ОПОРА“ потсети дека важечкиот закон забранува референдуми за време на вонредна состојба.
Тие истакнуваат дека во такви услови е невозможно да се обезбеди учество на милиони Украинци во странство и на воениот персонал, да се ублажат безбедносните закани и кампањите за дезинформации, како и целосно да се обнови оштетената изборна инфраструктура. Дури и ако непријателствата престанат, подготовката за ваков референдум би барала значително време и сложени реформи.
Свет
(Видео) Се појави синот на Рамзан Кадиров по првпат по тешката сообраќајка
Адам Кадиров, синот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, првпат се појави во јавноста откако се појави информацијата дека е вмешан во сообраќајна несреќа.
Кадиров објави видео на својот Телеграм-канал. Како што наведува независниот руски медиум Агентство, Адам изгледа значително послаб отколку кога последен пат бил виден во средината на јануари. На снимката се гледа Кадиров како вечера со својот помошник Висмурад Алиев. Адам влегува во просторијата, а Кадиров го нарекува „воскреснат“ на руски јазик, по што разговорот продолжува на чеченски.
🇷🇺
Ramzan Kadyrov posted a video with his son Adam, calling him “resurrected”.Kadyrov called the information about a traffic accident involving his son Adam disinformation. pic.twitter.com/md7IpYNYJf
— Sprinter Press (@SprinterPress) February 10, 2026
Руски и чеченски опозициски медиуми на 16 јануари известија дека Адам Кадиров бил хоспитализиран во Грозни по сообраќајна несреќа. Утрото на 17 јануари, неколку руски опозициски медиуми, повикувајќи се на податоци од FlightRadar, известија дека медицински авион на руското Министерство за вонредни ситуации, во кој веројатно се наоѓал Адам Кадиров, слетал на московскиот аеродром Внуково во текот на ноќта. Авионот на Рамзан Кадиров слетал набргу потоа.
Радио Слободна Европа (RFE/RL) подоцна објави дека Адам Кадиров повторно е свесен и дека неговата состојба „не предизвикува загриженост кај лекарите“.
Свет
Аеродром во САД затворен од безбедносни причини
Меѓународниот аеродром Ел Пасо во Тексас доби наредба во наредните 10 дена да ги прекине сите летови поради „посебни безбедносни причини“, стои во известувањето за воздухопловци (NOTAM) издадено од американската Федерална управа за авијација (FAA), пишува Скај Њуз.
Во известувањето воздушниот простор околу аеродромот е означен како „национален одбранбен воздушен простор“, а се наведува дека пилотите кои ќе ги прекршат правилата „можат да бидат пресретнати, задржани и испрашувани од органите на редот“. Се предупредува и дека американската влада може да употреби „смртоносна сила“ против летала за кои ќе процени дека претставуваат „непосредна безбедносна закана“.
Ограничувањето се однесува на сите летови кон и од аеродромот, се применува до висина од 5.500 метри (18.000 стапки) и останува во сила до 21 февруари во 6:30 часот по координирано светско време (UTC).
Зоната на забрана за летање, со центар во аеродромот, има радиус од 10 наутички милји (околу 18,5 километри) и го опфаќа и блискиот воен аеродром Бигс. „Ниту еден пилот не смее да управува со летало во подрачјата опфатени со овој NOTAM“, изрично се наведува.
Меѓународниот аеродром Ел Пасо е оддалечен околу шест километри од мексиканската граница, но наредбата не се однесува на мексиканскиот воздушен простор. Во текот на 2024 година низ овој аеродром поминале повеќе од четири милиони патници.

