Свет
Талибаните извршија два атентата во Пакистан
Исламистичките милитанти во недела извршија два напада врз локални авторитети во северозападен Пакистан, при што загинал еден од нападнатите кои ја поддржувале офанзивата против талибаните
Група милитанти отвориле оган врз куќата на племенскиот старешнина Малик Шер Заман во градот Мамунд, во племенскиот регион Бајур, при што тој загинал.Се претпоставува дека нападот врз него е изведен како одмазда за тоа што пред неколку месеци Заман склучил договор со пакистанската влада за заедничка борба против талибаните, изјавил висок претставник на локалните официјални Абдул Малик. Неколку часа подоцна, група од повеќе од десетина милитанти ја нападнале и куќата на градоначалник од мал град Базид Кхел 15 километри јужно од Пешавар. Меѓутоа, обезбедвуањето го одбило нападот убивајќи притоа тројца од напаѓачи, соопштил претставникот на локалната полицијата, Наби Шах.Според Шах, напаѓачите врз градоначалникот Мохамад Кан Фахим биле маскирани во бурки, облека која традиционално ја носат муслиманските жени„Гледајќи три жени облечени во бурки во мугрите, телохранителите на Фахим Кан ги повикале да запрат, но тие отвориле оган“.Кан е втор градоначалник врз кого е извршен напад, како одмазда за тоа што дел од пакистанската исламистичка организација Џамилија Лашкар организира да откажат сојузништво со талибаните. Кан изјавил дека ќе продолжи со својата борба против талибаните и покрај обидот да биде убиен. Претходно во близната на неговата куќа се случија три експлозии во кои загинаа десетина цивили. Мината седмица бомбаш-самоубиец изврши напад на пазар во предградие на Пешавар, при што покрај 12-те загинати цивили, беше убиен и локалниот градоначалник кој исто така ја откажал соработката со талибаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Се урна турски воен авион во близина на границата меѓу Азербејџан и Грузија
Турски воен товарен авион се урна денес во близина на границата меѓу Азербејџан и Грузија, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува „АП њуз“.
Министерството објави на социјалните мрежи дека авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и се враќал во Турција. Сè уште не е познато колку членови на екипажот биле на авионот. Започната е операција за пребарување и спасување во координација со азербејџанските и грузиските власти, соопшти министерството.
🇬🇪🇦🇿🇹🇷 TUAF543 | Turkish Air Force C-130 (reg. 68-01609) Aircraft tracked departing Ganja earlier today, later signal lost over Georgian territory.
Footage below apparently shows the crash of the same aircraft, currently under verification. pic.twitter.com/1Qjt0FiBtY
— Visioner (@visionergeo) November 11, 2025
Воените товарни авиони Ц-130 се широко користени од турските вооружени сили за транспорт на персонал и логистички операции. Турција и Азербејџан одржуваат тесна воена соработка.
Видео кое наводно го прикажува моментот на несреќата беше емитувано на турската приватна телевизија НТВ и други медиуми. Снимките покажуваат како авионот остава трага од бел чад зад себе.
Фото: принтскрин
Свет
Претседателот на Чешка: Руските нарушувања на воздушниот простор на НАТО мора да бидат запрени со сила
Повторените нарушувања на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО од страна на Русија не треба да се толерираат бесконечно и на нив мора да се одговори со сила, изјави денес чешкиот претседател Петр Павел.
За време на дискусијата со средношколци во регионот Карлови Вари, Павел рече дека верува оти е потребен соодветен одговор на нарушувањето на воздушниот простор на членките на НАТО и дека Русија мора да ја покаже својата сила, објавува „Чешки весник“.
Тој додаде дека ова не значи дека секое нарушување на воздушниот простор ќе биде казнето со соборување на авион, туку дека тоа ќе биде неопходно ако Русија продолжи да се однесува на овој начин.
Павел изјави дека е убеден дека во спротивен случај, Русија нема да се двоуми ниту за момент доколку некоја од земјите-членки на НАТО го наруши нејзиниот воздушен простор.
Тој како пример ги наведе инцидентите што Русија ги предизвика во Турција, кога беше на чело на Воениот комитет на НАТО, кога постојано го нарушуваше турскиот воздушен простор, што престана кога таа земја собори руски авион во ноември 2015 година.
„И дури по десеттото кршење, кое очигледно беше намерно, дека тоа беше провокација и дека Русија тестираше колку далеку може да оди, Турците се налутија и соборија еден од руските авиони. И владееше мир“, рече чешкиот претседател.
Тој додаде дека, и покрај стравувањата во тоа време дека ова ќе ги ескалира односите со НАТО, Русија се откажа од понатамошни обиди за нарушување на турскиот воздушен простор.
„Русите денес нè тестираат на ист начин. Тие тестираат како функционира воздушната одбрана на поединечните земји, како функционира интегрираниот систем за воздушна одбрана на НАТО, колку сме решени да се спротивставиме на тоа за сопствена одбрана. И од руска гледна точка, слабоста не заслужува ништо повеќе од тоа да се избрише“, заклучи Павел.
Фото: принтскрин
Свет
„Политико“: Европа бележи најголем прилив на украински бегалци во последните две години
Бројот на украински државјани на кои им е одобрен политички азил во земјите од Европската Унија достигна највисоко ниво во последните две години откога Украина ги промени правилата за излез за млади мажи, објавува порталот „Политико“.
Според податоците на гореспоменатото издание, земјите од Европската Унија издале 79.205 нови одлуки за привремена заштита на украински државјани во септември, што претставува зголемување од дури 49 проценти во споредба со август. Ова е воедно и најголемото месечно зголемување од август 2023 година.
Најголем прилив на украински баратели на азил е забележан во Полска, Германија и во Чешка.
Според извештајот, зголемувањето на бројот на барања е директно поврзано со новиот закон што стапи во сила во Украина на 28 август, кој им овозможува на млади мажи на возраст од 18 до 22 години да ја преминат државната граница. Оваа промена на правилата предизвика бран заминувања на млади Украинци, кои очигледно решиле да побараат засолниште во земјите од Европската Унија.
Фото: принтскрин

