Свет
Палестина побара признавање од Советот за безбедност на ОН
Водачот на палестинскиот преговарачки тим, Саеб Ерекат, изјави дека планира да побара признавање на независноста на Палестина од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации, јави AFP
„Ќе бараме признавање на независна Палестина со главен град Ерусалим и со границите од јуни 1967 г. Ќе бараме признавање и од државите од Европската Унија, Русија и другите држави“, изјавил Саеб Ерекат во недела. Агенцијата пренесува дека на ова итно реагирал израелскиот вицепремиер Силван Шалом, кој одговорил дека ваквите еднострани чекори сигурно нема да помогнат на мирното решавање на ситуацијата во регионот.Територијата на која Палестинците сакаат да ја формираат оваа држава ги опфаќа Западниот Брег и појасот Газа, територии кои ги зазема и ги анектираше Израел во војната од 1967 г.Ерекат за Reuters изјавил дека дека нема временска рамка за остварување на оваа дипломатска иницијатива за да се обезбеди поддршка за состојбата во Западниот Брег и појасот Газа. „Кога ќе бидеме подготвени, ние ќе тргнеме”, изјавил тој.Овој потег на Палестинците се припишува на немањето напредок во мировните преговори со Израел, кои се продолжуваат веќе цела година. Напредок не забележува ниту повеќемесечната посредничка дипломатска кампања на Вашингтон, во преговорите меѓу палестинскиот претседател Махмуд Абас и израелскиот прмиер Бенјамин Нетанјаху.Абас имено е тврд на позицијата да се запре изградбата на израелски населба на Западниот Брег пред да се врати на мировните преговори. Тој ја има оддршката на западните лидери, зашто во спротивно доминацијата врз Палестинците ќе ја преземе радикалните исламистички групи. Мохамед Дахлан, кој е висок функционер во фракцијата Фатах на претседателот Абас, за новинарите изјавил дека дипломатските иницијатива била договорена од страна на Палестинската ослободителна организација (PLO). Тој додал дека оваа иницјатива ќе биде тест за намерите на меѓународната заедница. Дахлан додал дека во случај да пропадне иницијативата пред Советот за безбдност, каде што САД имаат право на вето, најверојатно ќе биде прогласена еднсотрана декларација за државност и, како што рекол, ќе се повика на целосен отпор против еврејските населби и окупацијата, не прицизирајќи кои средства ќе се применуваат.Во минатото Палестинците двапати кренаа востанија на териториите кои од 1967 г. ги контролира Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Се урна турски воен авион во близина на границата меѓу Азербејџан и Грузија
Турски воен товарен авион се урна денес во близина на границата меѓу Азербејџан и Грузија, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува „АП њуз“.
Министерството објави на социјалните мрежи дека авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и се враќал во Турција. Сè уште не е познато колку членови на екипажот биле на авионот. Започната е операција за пребарување и спасување во координација со азербејџанските и грузиските власти, соопшти министерството.
🇬🇪🇦🇿🇹🇷 TUAF543 | Turkish Air Force C-130 (reg. 68-01609) Aircraft tracked departing Ganja earlier today, later signal lost over Georgian territory.
Footage below apparently shows the crash of the same aircraft, currently under verification. pic.twitter.com/1Qjt0FiBtY
— Visioner (@visionergeo) November 11, 2025
Воените товарни авиони Ц-130 се широко користени од турските вооружени сили за транспорт на персонал и логистички операции. Турција и Азербејџан одржуваат тесна воена соработка.
Видео кое наводно го прикажува моментот на несреќата беше емитувано на турската приватна телевизија НТВ и други медиуми. Снимките покажуваат како авионот остава трага од бел чад зад себе.
Фото: принтскрин
Свет
Претседателот на Чешка: Руските нарушувања на воздушниот простор на НАТО мора да бидат запрени со сила
Повторените нарушувања на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО од страна на Русија не треба да се толерираат бесконечно и на нив мора да се одговори со сила, изјави денес чешкиот претседател Петр Павел.
За време на дискусијата со средношколци во регионот Карлови Вари, Павел рече дека верува оти е потребен соодветен одговор на нарушувањето на воздушниот простор на членките на НАТО и дека Русија мора да ја покаже својата сила, објавува „Чешки весник“.
Тој додаде дека ова не значи дека секое нарушување на воздушниот простор ќе биде казнето со соборување на авион, туку дека тоа ќе биде неопходно ако Русија продолжи да се однесува на овој начин.
Павел изјави дека е убеден дека во спротивен случај, Русија нема да се двоуми ниту за момент доколку некоја од земјите-членки на НАТО го наруши нејзиниот воздушен простор.
Тој како пример ги наведе инцидентите што Русија ги предизвика во Турција, кога беше на чело на Воениот комитет на НАТО, кога постојано го нарушуваше турскиот воздушен простор, што престана кога таа земја собори руски авион во ноември 2015 година.
„И дури по десеттото кршење, кое очигледно беше намерно, дека тоа беше провокација и дека Русија тестираше колку далеку може да оди, Турците се налутија и соборија еден од руските авиони. И владееше мир“, рече чешкиот претседател.
Тој додаде дека, и покрај стравувањата во тоа време дека ова ќе ги ескалира односите со НАТО, Русија се откажа од понатамошни обиди за нарушување на турскиот воздушен простор.
„Русите денес нè тестираат на ист начин. Тие тестираат како функционира воздушната одбрана на поединечните земји, како функционира интегрираниот систем за воздушна одбрана на НАТО, колку сме решени да се спротивставиме на тоа за сопствена одбрана. И од руска гледна точка, слабоста не заслужува ништо повеќе од тоа да се избрише“, заклучи Павел.
Фото: принтскрин
Свет
„Политико“: Европа бележи најголем прилив на украински бегалци во последните две години
Бројот на украински државјани на кои им е одобрен политички азил во земјите од Европската Унија достигна највисоко ниво во последните две години откога Украина ги промени правилата за излез за млади мажи, објавува порталот „Политико“.
Според податоците на гореспоменатото издание, земјите од Европската Унија издале 79.205 нови одлуки за привремена заштита на украински државјани во септември, што претставува зголемување од дури 49 проценти во споредба со август. Ова е воедно и најголемото месечно зголемување од август 2023 година.
Најголем прилив на украински баратели на азил е забележан во Полска, Германија и во Чешка.
Според извештајот, зголемувањето на бројот на барања е директно поврзано со новиот закон што стапи во сила во Украина на 28 август, кој им овозможува на млади мажи на возраст од 18 до 22 години да ја преминат државната граница. Оваа промена на правилата предизвика бран заминувања на млади Украинци, кои очигледно решиле да побараат засолниште во земјите од Европската Унија.
Фото: принтскрин

