Свет
Чавез го прогласи терористот Карлос за револуционер
Венецуелскиот претседател изјавил дека еден од најпознатите терористи во историјата Карлос, инаку роден во Венецуела, бил всушност револуционерен борец
Хуго Чавез изјавил дека Карлос Илич Рамирез Санчез, како што рекол, е „неправедно осуден“ во Франција.„Француската полиција го грабна Карлос во Судан каде живееше, го стави во торба и го донесла во Париз“, рекол Чавез во саботата на собирот на левичарски партии од целиот свет, пренесува The New York Times.„Јас го бранам. Не ми е грижа што ќе речат утре во Европа“, додал Чавез кој инаку води преписка со Карлос од почетокот на неговиот прв претседателски мандат.На оваа изјава во понеделник одговори француското Министерство за надворешни работи – дека Рамирез е осуден на доживотен затвор и дека ја издржува својата казна. Французите не сакале да ја коментираат судската одлука.Карлос во 1997 г. е осуден за убиство на двајца припадници на француската разузнавачка служба и на еден либански доушник во 1975 г. во париската четврт – Латински кварт. Рамирез беше грабнат во болничка соба во Судан во 1994 г. од страна на француски агенти во содејство со врвот од CIA и во вреќа со таен лет бил пренесен до Париз.Сега, по собирање докази, ќе му се суди и за атентати извршени во Франција во 1982 и 1983 г.По еден од неговите многубројни прекари е снимен акционо-криминалистичкито серијал „Шакалот“. Карлос е роден во 12 октомври 1949 г. во главниот венецуелски град Каракас, во семејството на Алтаграсија Рамирез, богат адвокат со марксистичка идеологија, кој на двата сина им дава имиња по водачот на советската Октомвриска револуција, Владимир Илич Ленин.Рамирез по неговото протерување од мисковскиот универзитет „Патрис Лумумба“ се преселил во Либан каде во 1970-тите им се приклучува на палестински терористи, планирајќи напади во Европа.По земањето на герилското име Карлос, тој наводно предводел низа терористички акции, вклучувајќи го и киднапирањето на министри кои присуствуваа на состанокот на ОПЕК во Виена во 1975 г., меѓу нив и претставникот на Венецуела, Валентин Хернандез Акоста, што го изврши западногерманската терористичка група Бадер-Мајнхов, позната и како Фракција на Црвената армија.Неговите поддржувачи од кои повеќето се притаија во секуларни тајни кругови пред неговото апсење во 1994 г. во Судан, подоцна конвертираат во ислам и се смета дека се координирани од ирански мула. За тоа време Карлос во затвор во Франција се жени со својата париска адвокатка, Изабел Котан Пеиер.Во една книга објавена во 2003 г., тој изрази и пофалби за Осама бин Ладен , нарекувајќи го „светол“ пример и карактеризирајќки ги нападите на Ал Каеда од 11 септември како „голем вооружен подвиг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

