Свет
Во колежот на Филипините 52 мртви
Бројката на убиените во понеделник на југот од Филипините се искачи на 52 лица, соопшти локалната полиција
Масакрот го извршиле вооружени лица во пресметка меѓу спротивставени локални кланови кои се судираат пред локалните избори.„Податоците зборуваат дека моментно има 52 убиени“, изјавил шефот на регионалната полиција Хосефино Каталуна,Полицијата за масовното убиство го осомничи политичкиот сојузник на филипинската претседателка Глорија Аројо, синот на гувернерот на провинцијата Магуинданао, на островот Миндао. Претседателката Аројо во вторник прогласи вонредна состојба на островот Миндао, за да се спречат поголеми крвопролевања меѓу клановите. Вооружена паравоена формација за која се верува дека е блиска на гувернерот на провинцијата во понеделникот грабна група меѓу кои имало и новинари и пратеници, и најмалку 14 жени. Потоа беа пронајдени 52 тела изрешетани со куршуми. Според локалните медиуми, убиените се упатиле кон изборната канцеларија во градот Магуинданао.Потполковникот Ромео Бравнер изјавил за Reuters дека телата на 13 мажи и осум жени биле пронајдени во област каде што околу 30 луѓе биле земени како заложници.„Веруваме дека повеќе тела се закопани. За жал, убиството се случило пред нашите војници да дојдат таму“, додал Бравнер. Други воени официјални лица изјавија дека убиените се поддржувачи на Геналин Тамзон-Мангудадату, која патувала да поднесе противкандидатура за нејзиниот сопруг на актуелниот гувернер на провинцијата Магуинданао, Дату Андал Ампатуан, првенец на едно од најмоќните локални семејства.Таа била придружувана од двајца адвокати, неколку членови од нејзиното семејство и неколку новинари.Во јужниот дел на Филипините се води жестоко клановско ривалство меѓу семјествата Мангудадату и Ампатуан, а многу политичари и избрани функционери во регионот финасираат добро вооружени приватни армии, пишуваат локалните медиуми.Од канцеларијата на филипинскиот претседател Аројо, ветија брза акција.„Шокирани сме и гневни. Правдата и казната ќе ги стигне извршителите казнети кои и да се тие“, навел во соопштението Клаудио Гаврил, политички советник на претседателот Аројо. Изборниот процес на Филипините ќе почне во мај 2010 г., а од минатата седмица почна поднесување на кандидатурите за повеќе од 17.800 локални и државни функции.Предизборната кампања официјално почнува во февруари за кандидатите за претседател, потпретседател и за 12 места во Горниот дом на Конгресот. Локалните избори и гласањето за околу 300 места во Долниот дом на Конгресот, кампањата почнува на крајот од март, а изборите се закажани за 10-ти мај.Изборите на Филипини речиси редовно се проследени со насилство меѓу локалните спротивставени страни, особено во јужниот дел на земјата, каде што безбедносните сили се борат со комунистичките бунтовници, исламските радикали и на ривалските кланови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

