Свет
Иран демантира дека е одземена Нобеловата награда на Ширин Ебади

Официјален Техеран во петок ги демантираше тврдењата на Норвешка дека нивните власти ја конфискувале и и’ ја одзеле Нобеловата награда за мир на Ширин Ебади, се наведува во соопштението на тамошното Министерството за надворешни работи
„Изненадени сме од тенденциозниот и избрзан став што го зазедоа норвешките власти, игнорирајќи ги законите и правилата што сите ги почитуваат“, изјавил портпарот на иранското Министерството за надворешни работи, Рамина Мехманпараста, за иранската агенција MEHR. Норвешкото Министерство за надворешни работи во петок соопшти дека на Ширин Ебади од банкарски сеф и’ биле одземени медалот и дипломата, заедно со други нејзини лични предмети, пренесоа светските агенции. Неа во 2003 г. ја доби Нобеловата награда за мир за нејзината повеќегодишната борба за правата на иранските политички активисти, верски и етнички малцинства, жените и децата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Албанија чекор поблиску до ЕУ: отвори нов кластер

Албанија го отвори петтиот од вкупно шест кластери во преговорите за пристапување во ЕУ.
Ова е кластер 4, кој се однесува на зелената агенда и одржливата поврзаност и вклучува четири поглавја од преговорите: транспорт (14), енергетика (15), трансевропски мрежи (21) и климатски промени (27).
„Албанија врши импресивна работа. Доколку продолжи со ова темпо, ќе ги отвори сите кластери оваа година“, изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос.
Албанскиот премиер Еди Рама на прес-конференција изјави дека ЕУ е „империја“ на која Албанија сака да ѝ припаѓа.
„Денес отворивме уште еден кластер, петти за 11 месеци. Мислам дека е рекорд. Сакаме да го отвориме последниот кластер до крајот на годината, знам дека е амбициозно, но се надевам дека ќе успееме“, рече Рама.
Тој додаде дека сè уште има многу предизвици и напори пред Албанија, но дека нема друг начин.
„Конечно, за прв пат во историјата, можеме слободно да избереме со кого сакаме да се венчаме. Во минатото, бевме принудени да се венчаме со други империи, но ова е империјата од која сакаме да бидеме дел.“ Империја на вредности, права и безбедност во која нашите граѓани ќе бидат убедени дека нивната слобода и права нема да бидат одземени“, рече Рама.
„Знам дека реформите што ги бараме од земјите-кандидатки понекогаш не се лесни и бараат фундаментални промени, но Албанија покажа дека позитивните промени се можни и дека ЕУ ги наградува“, рече Кос.
Европската комесарка ги пофали албанските власти за реформите спроведени во последните години, додавајќи дека не е лесно да се отворат кластери, но дека е уште потешко да се затворат поглавјата и дека Албанија мора да продолжи да спроведува реформи, особено во областите на судските реформи, борбата против корупцијата, правата на малцинствата и слободата на медиумите.
Кос изјави дека целта на албанската влада е да ги заврши преговорите во техничкиот дел до крајот на 2027 година и дека Европската унија ја поддржува таа визија.
„Нема сомнение дека иднината на Албанија е во ЕУ, а денес сме еден чекор поблиску до таа цел“, рече Кос.
Пред почетокот на меѓувладината конференција, таа рече дека постојат разлики меѓу земјите-кандидатки и дека една од најголемите улоги во процесот на пристапување ја игра раководството на земјата.
„Ако раководството покаже проевропска ориентација, тогаш граѓаните имаат чувство дека земјата оди во вистинската насока“, рече Кос.
Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере, чија земја претседава со ЕУ, рече дека отворањето на уште еден кластер во преговорите за пристапување на Албанија е значаен чекор и покажува дека вистинските реформи носат вистински резултати.
„Со текот на годините, Албанија вложи големи напори во реформирањето на судството, борбата против корупцијата и хармонизирањето со надворешната политика на ЕУ. Покажа дека јасно ја гледа својата иднина во Европа, произведува резултати и заслужува признание“, рече Бјере.
Таа додаде дека данското претседателство со ЕУ ќе продолжи да работи на процесот на проширување, кој стана геополитичка неопходност по руската инвазија на Украина.
„Мораме да продолжиме со проширувањето за посилна и побезбедна ЕУ и затоа проширувањето е приоритет на данското претседателство“, рече Бјере.
Фото: принтскрин
Свет
Лавров: Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателскa земји“

Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателски земји“, постојат само земји со влади кои не се пријателски настроени кон Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Постепено се оддалечуваме од терминот непријателска земја, иако тој останува во законодавството“, објави Лавров на прес-конференција посветена на подготовките за „Интервижн“, пренесува ТАСС.
Лавров одговори дека Русија нема непријателски земји, туку дека постојат само земји кои „имаат непријателска влада во однос на Руската Федерација“.
Фото: принтскрин
Свет
Затворени плажи во Хургада поради појава на ајкули

Неколку плажи во египетските одморалишта Хургада и Макади беа затворени во последните денови откако ајкули беа забележани во близина на брегот. Ова го објавуваат локалните медиуми.
Според туристите, неколку хотели одлучиле да ги затворат своите плажи како мерка на претпазливост, додека некои од нив во меѓувреме се отвориле повторно.
Како што објавуваат медиумите, експертите предупредуваат дека видови како што се тигрести и леопардски ајкули, кои се сметаат за особено опасни за луѓето, може да се појават во Црвеното Море. Поради оваа причина, се препорачува да се биде дополнително внимателен и да се почитуваат сите мерки пропишани од одморалиштата и службите за спасување, според написите.
Фото: принтскрин