Свет
Конечен биланс – 73 лица загинати во хаварија на брод во Конго

Најмалку 73 лица загинаа а десетина се водат за исчезнати откако потона брод во езеро во западниот дел на Демократска Република Конго, соопшти официјален претставник на Црвениот крст
Бродот потонал како последица на лошите временски услови, кога превезувал дрва на езерото Маи Н’домбе во покраината со Бандубду, но немал дозвола да превезува и патниците, соопштололокалното Radio Okapi.„Има 73 мртви и 272 преживеани. Телата го пронајдовме крај брегот на езерото. Се’ уште има исчезнати, но не знаеме колку, затоа што нема бродски денвник и листа на патници“, изјавил за Reuters, Доминик Лутула, претседател на Црвениот крст на Конго.Бродот сопственост на дрвната компанија Sodefor, потонал вечерта уште во средата, но потрагата трае се’ уште трае.Речниот и езерскиот сообраќај е главното превозно средство, бидејќи земјата иако богата со рудни наоѓалиште нема никаква патна мрежа,Хаварите на бродовите се се’ почести заради преоптоварување, дотраеност и непочитување на стандардите за безбедност при пловидбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мерц: ЕУ е подготвена да воведе построги санкции кон Русија доколку нема напредок во преговорите

Европската унија е подготвена да воведе построги санкции против Русија доколку оваа недела не се постигне напредок во преговорите за прекин на војната во Украина, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц, наведувајќи дека веќе е подготвен нов пакет санкции.
Мерц на прес-конференција по разговорите со својот грчки колега Киријакос Мицотакис во Берлин изјави дека Брисел чека рускиот претседател Владимир Путин да се вклучи во преговорите и дека санкциите ќе бидат заострени доколку нема вистински напредок во преговорите оваа недела, објави Ројтерс.
Германскиот канцелар изјави дека ЕУ ќе разгледа и воведување нови санкции против Русија во областа на енергетиката и финансискиот пазар. Мерк оцени дека би било неразумно доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи на нови компромиси во врска со преговорите и изјави дека се согласува Зеленски да се сретне со руските претставници во четврток.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека подготовките на Русија за преговорите со Украина во Истанбул продолжуваат. Песков истакна дека Кремљ не планира да дава други коментари за планираната руско-украинска средба во Истанбул, објави Тасс.
Путин предложи продолжување на директните преговори со Украина без предуслови, кои беа прекинати во 2022 година, и дијалогот да започне на 15 мај во Истанбул.
Зеленски се согласи на разговорите во Турција на 15 мај, но од самиот почеток рече дека сака лична средба со Путин. Русија сè уште не објавила на кое ниво ќе учествува, пренесува Танјуг
Свет
Калас: Русија не е навистина заинтересирана за воспоставување мир во Украина

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека не мисли оти Русија е навистина заинтересирана за воспоставување мир во Украина.
„Не мислам дека тие се заинтересирани за мир. Тие сè уште ја бомбардираат Украина. Ако беа заинтересирани за мир, можеа веднаш да престанат“, изјави Калас пред новинарите во Копенхаген, пренесува Ројтерс. Според неа, Русија очигледно игра игри, обидувајќи се да купи време.
Рускиот претседател Владимир Путин во неделата предложи директни мировни преговори меѓу Москва и Киев.
Помошникот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинскиот лидер ќе присуствува на разговорите за Украина оваа недела само ако таму биде и Путин, предизвикувајќи го Кремљ да покаже дека е искрен во намерата да постигне мир, пренесува Танјуг.
Свет
Хаос на аеродром во Белгија: дојава за бомба во авион

Летовите од вториот најголем аеродром во Белгија се прекинати поради дојава за бомба во авионот на „Рајанер“. Според последните информации, авионот полетал од Порто, пренесуваат медиумите во регионот.
Како што изјави компанијата што управува со аеродромот, малку пред 11 часот по локално време во авионот што слета на аеродромот „Шарлроа“ беше активирана закана за бомба, соопшти компанијата што управува со аеродромот.
„Околу авионот е воспоставен безбедносен периметар, што бара затворање на пистата и прекин на сите операции“, рекоа тие.
Патниците сè уште не се евакуирани, објави локалната РТЛ, без да прецизира дали станува збор за патниците во авионотили за патниците на аеродромот.