Свет
Спорни избори во Хондурас
Во Хондурас почнаа општите избори чие одржување е спорно, затоа што му претходеше соборување и протерување на претседателот Мануел Залајета
Се претпоставува дека легитимноста на изборите кои во недела ги спроведува власта во Хондурас, ќе биде оспорена и од голем дел на партии во самата држава, но и од голем број држави од Јужна Америка. Мексико и Европската Унија се воздржаа од коментари и ќе ги чекаат резултатите, а засега само четири држави, меѓу кои САД и Панама, соопштија дека ќе ги признаат изборните резултати. Претседател Мануел Залајета кој беше соборен од власта со државен удар на 28 јуни, ги повика сонародниците кои го поддржуваат да ги бојкотираат изборите. Неговите противници, пак, апелираат дека со изборите ќе се надмине кризата која беше предизвикана по неговото протерување. Избирачките места треба да бидат затворени во 22 часот по средноевропско време, по што се очекува за многу кусо време да бидат објавени неофицијалните резултати од излезните анкети. Главни претседателски кандидати се водачот на соборувањето на Зелаја, Роберто Мичелети, Порфирио Лобо од Националната партија и Елвин Сантос кој ја претставува Либералната партија од која потекнува и Зелаја. Властите најавија дека изборите ќе ги следат три илјади набљудувачи, но ниедна од влијателните меѓународни институции, како што е Организацијата на американските држави и Обединетите нации кои и натаму бараат Зелаја да биде вратен и потоа да бидат организирани избори. Гласањето на 4,6 милиони граѓани на Хондурас со право на глас, го обезбедуваат 30 илјади полицајци и 10 илјади резервисти. Преодната влада на Роберто Мичелети соопшти дека ќе овозможи да се одржат регуларни избори на 29 ноември. Новиот претседател би требало да ја преземе должноста во јануари.Врховниот суд повторно против ЗелајаПретходно, во четвртокот, Врховниот суд на Хондурас им препорача на пратениците да гласаат против враќањето на власт на соборениот претседател, кој има се’ послаби шанси да се врати на функцијата. Мислењето на Врховниот суд беше дадено шест дена пред Конгресот на Хондурас да гласа дали Мануел Зелаја ќе се врати на претседателската функција откако во јуни беше соборен од власт и депортиран од државата. Неговото враќање на функцијата беше дел од договорот кој беше постигнат со помош и инсистирање на САД и повеќето јужноамерикански држави за да се надмине политичката криза во државата, но не беше испочитуван.Врховните судии заклучиле дека соборувањето на Зелаја било легално, бидејќи тој го прекршил налогот на Врховниот суд да го откаже референдумот за уставните промени. Претседателот Мануел Зелаја беше соборен од власт заради одлука на Уставниот суд кој не го прифати неговиот референдум со кој ќе му беше овозможен уште еден претседателски мандат, па нареди негово апсење. Армијата го уапси Зелеја и со авион го протера од државата.Зелаја – богат либерал кој стана ултралевичарОва наиде на големи критики од САД и другите влијателни држави од Јужна Америка кои го условија новиот режим во Хондурас со враќање на Зелаја до подготовка на изборите.Зелаја од септември кога илегално се врати во државата, престојуваше во Бразилската амбасада.Зелаја претходно двапати се обиде да се врати во Хондурас. Неговите приврзаници од неговото симнување од власта секојдневно протестираа. Исто така, пропадна и обидот за меѓународно посредување кое кон крајот на јули го предводеше претседателот на Костарика, Оскар Ариас. Тогаш владата на Мичелети одби да му ја предаде привремено власт на Зелаја кој требаше да ја предводи владата на национално единство за подготовка на новите избори. Мичелети беше упорен дека изборите ќе се одржат според предвиденото – на 29 ноември.Кризата почна откако Зелаја го разреши началникот на војската, генералот Ромео Васкез, бидејќи одби да му помогне да организира референдум за можноста претседателите да служат подолго од еден четиригодишен мандат. Инсистирањето на Зелаја, кој важи за сојузник на контроверзниот претседател на Венецуела, Хуго Чавез, да го промени уставот за да си овозможи уште еден мандат, ги подели и институциите во земјата и доведе до уставна криза.Зелаја дојде на власт во 2006 г. и неговиот мандат требаше да трае до 2010 г.Инаку Зелаја е богат деловен човек кој потекнува од десната Либерална партија, кој по стапувањето на претседателската функција се доближи на левите идеи и воспостави блиска соработка со венецуелскиот претседател и ултралевичар Хуго Чавез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

