Свет
Застрелан убиецот на четворицата американски шерифи
Осомничениот за убиството на четворицата полициски службеници во градот Лејквуд во државата е Вашингтон, е ликвидиран во вторник по масовна потера по него, потврди американската полиција
Морис Клемонс бил убиен во јужниот дел од Сиетл, откако нападнал полицаец кој му се приближил, јави CCN. Полицијата го потврдила идентитетот на лицето по кое трагаше заради убиството на четворицата полицајци кои во кафуле работеле на нивните лаптопи подготвувајќи се да ја преземат смената .Клемонс бил на издржување на десетгодишна затворска казна, а стана главен осомничен откако во неделата во местото Лејквуд во заседа во кафетерија беа убиени четири заменици на шерифот кои пиеле кафе и работеле на нивните лаптопи подготвувајќи се да ја преземат смената. Тој имал долго олициско досие во сојузната држава Арканзас,а неодамна во државата Вашингтон бил обвинет за напад врз полициски службеник и силување на дете, но откако му била платена кауција од 150 илјади долари, а медиумите забележуваат дека тој имал само 15 илјади, мината седмица бил пуштен да се брани од слобода со кауција. Се верува дека Клемонс, бил забележан во околината во времето на убиствата, но портпаролот на локалната полиција, Ед Tројер, одбил да каже дали постојат цврсти докази што го поврзуваат со нападот врз полицајците. Исто така, не познат е и мотивот за убиството на полицајците, но од фактот дека никој друг од гостите и од персоналот на кафетеријата во предградието Паркленд, 60-тина километри јужно Сиетл, од не бил повреден, зборува дека тие биле одбрани за цел. Тројер нагласил дека осомничениот бил многу вешт во користењето на оружјето, на што укажува тоа што нема траги од куршуми по внатрешноста на објектот, туку директно во полицајцитеУште во 1989 г., Клемонс кој тогаш имал 17 години, бил осуден во Литл Рок за тежок грабеж.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Трамп и Нетанјаху со пилотски очила во ВИ-снимка: „Победнички круг“
Во објава на Инстаграм, со која очигледно се одбележуваат шест месеци од израелскиот конфликт со Иран, прес-службата на премиерот Бенјамин Нетанјаху сподели вештачки генерирано видео на бомбардер Б-2 кој прелетува над мрежа од згради во неидентификувана пустинска област.
Во видеото, кое трае само неколку секунди, премиерот на Израел и претседателот на САД Доналд Трамп носат пилотски очила за сонце и накратко се погледнуваат.
A message to Iran: Netanyahu’s office shared an AI video showing him and U.S. President Donald Trump flying a B-2 bomber together. pic.twitter.com/rM05YsHs4J
— Open Source Intel (@Osint613) December 24, 2025
„На нашиот победнички круг. #sixmonths“, стои во описот на објавата.
Израел соопшти дека неговата сеопфатна офанзива во јуни, насочена кон највисоките ирански воени команданти, нуклеарни научници, постројки за збогатување ураниум и програмата за балистички ракети, била неопходна со цел да се спречи, како што наведуваат, иранскиот план за уништување на еврејската држава.
Иран доследно негира дека тежнее кон развој на нуклеарно оружје.
Како одговор на израелските напади, Иран истрелал кон Израел повеќе од 500 балистички ракети и околу 1.100 дронови.
Кон самиот крај на војната, Соединетите Американски Држави им се приклучија на нападите врз иранските нуклеарни постројки.
Фото: Depositphotos
Свет
Американскиот претставник во НАТО: Можен договор за Украина во следните 90 дена
Постојаниот претставник на САД во НАТО, Метју Витакер, во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека е можен договор во Украина во следните 90 дена.
„Ако биде завршено, тоа ќе биде во следните 90 дена“, рече Витакер.
Тој додаде дека е очигледно дека оваа зима може да биде навистина тешка за Украинците поради нападите врз енергетската инфраструктура.
Витакер додаде дека Вашингтон планира да продолжи да врши притисок врз двете страни за решавање на спорот. Ако некој може да го стори тоа, нагласи постојаниот претставник на САД, тоа е американскиот претседател Доналд Трамп.
Учесниците во мировниот процес во Украина работат на четири финални документи, објави Витакер.
Според дипломатот, на преговарачката маса моментално е нацрт-мировен план од 20 точки, како и документи за мултилатерални безбедносни гаранции и специјални гаранции од САД.
Четвртиот документ е посветен на план за повоено економско закрепнување и развој.
„Сите овие документи се дискутираат во реално време. Мислам дека сега имаме прилично добро разбирање за тоа што сака Украина“, додаде Витакер.
На 20 декември, делегации од Украина, САД и европски земји се состанаа во Мајами. По разговорите, специјалниот претставник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, и секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, објавија идентични изјави на социјалните мрежи. Тие рекоа дека за време на нивните состаноци страните разговарале за мировниот план од 20 точки и безбедносните гаранции на Вашингтон за Киев.
Покрај тоа, учесниците на состанокот одвоија време да разговараат за развојот на планот „економија и просперитет“.
Според Володимир Зеленски, украинската и американската делегација подготвиле нацрт-документи за рамка за завршување на конфликтот со Русија за време на нивните разговори во Мајами.
Фото: unsplash
Свет
Католиците ширум светот денес го слават Божиќ
Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес ширум светот го одбележуваат еден од најрадосните празници – Божиќ, со кој се слави раѓањето на Исус Христос.
Празникот традиционално се прославува во кругот на семејството, со молитва, богослужби и обичаи што се разликуваат од земја до земја, но носат заедничка порака на мир, надеж и заедништво.
Како што налагаат обичаите, предвидено е овој ден да се помине со членовите на семејството и во заедничка молитва. Рано наутро верниците одат на миса, по што следува заеднички ручек.
Според Библијата, Исус го родила Девицата Марија, која зачнала безгрешно, а при породувањето ѝ помогнал нејзиниот сопруг Јосиф. Исус се родил во штала во градот Витлеем пред повеќе од 2.000 години, опкружен со домашни животни, поради што верниците за Божиќ под елката поставуваати фигури на овци.
Домовите на верниците се посебно украсени за Божиќ и во повеќето од нив има елка под која се оставаат подароци за најмладите членови на семејството.

