Свет
Мендела: Спортот ги обединува луѓето

Поранешниот претседател на Јужна Африка и добитник на Нобелова награда за мир и борец против расизмот и апартхејдот со видео порака се обратил до присутните на жребот за светското првенство во фудбал во 2010 г.
Нелсон Медела истакна дека спортот има моќ на инспирација и сила да ги обедини луѓето.„Фудбалот во Африка има поседбно место во срцата на луѓето и затоа е многу важно што Светското првентство првпат ќе се одржи на нашиот континент. Сите се чувствуваме привилегирани затоа што Јужна Африка ја доби органзиацијата“ вели 91-годишниот Мандела.Тој изрази убедување дека спектаклот ќе остави траен впечаток меѓу сите луѓе.„Ќе докажеме дека африканскат почва ја заслужи организацијата на вакво големо напреварување“, порача Мендела.На присутните на излвекувањето Јакоб Зума кој рече дека свтот ќе ја запознае најубавата страна на Африка и дека Јужна Африка е многу горда што како претставниц ина континентот ја добиле довербата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Шестмина припадници на полицијата се повредени за време на синоќешните протести во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата.
„Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо дека имало брутален напад врз полицијата, дека демонстрантите дошле со намера да ги нападнат полицајците, да ги повредат“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека вечерта немало поддржувачи на Српската напредна партија, што, како што рече, не ги спречило демонстрантите да ги нападнат просториите на таа партија низ цела Србија, и додаде дека на некои места биле нападнати и просториите на Социјалистичката партија на Србија.
Свет
Трамп и Путин се ракуваа, а во Украина се огласија сирени за воздушен напад преку руските беспилотни летала

Во Анкориџ, Алјаска, со надлетувања на борбени авиони, црвен тепих и слоганот „Стремеж за мир“, американскиот претседател Доналд Трамп го угости рускиот претседател Владимир Путин на самит кој, и покрај големата помпа, заврши нагло и со сосема нејасен исход, пишува CNN.
По речиси тричасовен состанок, двајцата лидери се појавија пред новинарите тврдејќи дека е постигнат напредок, но ја напуштија прес-конференцијата без да разјаснат за што точно се договориле. Сепак, едно беше јасно: не беше постигнат договор. Примирјето на кое се надеваше Трамп остана далеку, а тој сè повеќе ја префрлаше одговорноста за постигнување договор на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Имаше многу, многу точки за кои се согласивме – повеќето од нив, би рекол“, рече Трамп по средбата со Путин. „Неколку големи за кои сè уште не сме се согласиле сосема, но постигнавме одреден напредок“.
„Нема договор додека нема договор“, додаде Трамп, по што тој и Путин ја напуштија сцената без да одговорат на прашања.
Тоа беше антикулминативен крај на раскошно организираниот самит кој, и покрај сите непознати, решително го врати Путин во центарот на светската дипломатија. Но, и покрај целата помпезност и протокол, знаците за тешкотиите со кои се соочува Трамп беа видливи од самиот почеток.
Токму кога двајцата претседатели се поздравуваа на пистата во воздухопловната база, во Украина се огласија сирени за воздушен напад преку руските беспилотни летала – јасен знак дека Путин има намера да ја продолжи војната дури и додека Трамп му оддава почит на американска почва.
Свет
Трамп и Путин не постигнаа договор за прекин на војната во Украина

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, не постигнаа договор за прекин на војната во Украина по тричасовен разговор. Средбата, според нив, беше многу продуктивна. Трамп рече дека ќе контактира со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и со лидерите на НАТО за да ги пренесе информациите од состанокот.
Путин изјави дека е постигнат договор, но не даде детали, пренесува Фокс њуз.
„Денешната спогодба ќе биде почетна точка не само за решение во Украина, туку ќе ни помогне и да го обновиме бизнисот… меѓу Русија и САД“, рече Путин.
Путин ја опиша нацијата Украина како „братска нација“, но продолжи велејќи дека „примарните корени“ на конфликтот мора да бидат „елиминирани“.
Трамп потоа го опиша самитот како „исклучително продуктивен“ и рече дека е постигнат договор за „многу точки“, но не прецизираше кои договори се постигнати.
Но, Трамп исто така рече дека страните „сè уште не ја достигнале целната линија“ во постигнувањето мировен договор.
„Имаше многу, многу точки за кои се согласивме, повеќето од нив, би рекол. Не стигнавме до целта за неколку големи точки, но постигнавме одреден напредок. Нема договор додека не e постигнат договор“, рече Трамп.
Трамп јасно стави до знаење дека се надева оти следниот чекор ќе биде лична средба меѓу Зеленски и Путин, иако не е јасно дали е постигнат напредок во реализацијата на оваа средба.
Во интервју за Фокс њуз по средбите, Трамп рече: „Сакам луѓето да престанат да умираат. Мислам дека Путин сака ова да заврши.“
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков зборуваше во име на кабинетот на Владимир Путин. Песков ја оцени средбата меѓу Путин и Трамп како „многу позитивна“.
„Разговорот беше навистина многу позитивен и двајцата лидери го кажаа тоа. Ова е вид разговор што ни овозможува цврсто да се движиме по патот на заедничко барање опции за мирно решение“, заклучи Песков.