Свет
Пожарот во ноќниот клуб за Медведев е тешко криминално дело
Тешко криминално дело претставува пожарот во ноќниот клуб во рускиот град Прем во кој загинаа најмалку 112 лица за претседателот Дмитриј Медведев,иако министерот за внатрешни работи тврди дека нема елементи за криминал во несреќата
Како за тешко криминално дело Медведев побара казнување на виновниците, вклучувајќи го и сопственикот на локалот.Медведев ова го кажал во видеоврската со министрите за вонредни состојби, Сергеј Шојгу, за внатрешни работи, Рашид Нургалиев и за здравство и социјален развој Татјана Голикова, кои се наоѓаат во Перм.Министерот за внатрешни работи Нургалиев, пак, изјави дека засега нема докази дека станува збор за криминално дело и оти досегашната истрага укажува дека несреќата е последица на невнимание.„Не можам да се согласам со тоа. Се што се случи може да биде означено само како криминал“, пресекол Медведев.Тој напомена дека напорите во моментов треба да се насочат кон медицинска помош на повредените, затоа што 88 од околу 130-те повредени лица се наоѓаат во критична состојба.„Во клубот немало експлозија и пожарот е предизвикан од невнимателно користење на пиротехнички материјали“, изјавил пред новинарите министерот Шојгу.Околу 200 лица, главно персоналот на клубот Куциот коњ, нивни роднини и пријатели ја одбележувале осумгодишнината од работењето на локалот, пред да избувне пожарот. Во еден момент се истрелани неколку ракети за огномет, при што една од нив го погодила пластичниот таван, по што избувнал пожар.На местото на несреќата пристигна авион на Министерството за вонредни состојби со лекари и психолози и специјални направи за превезување на настраданите.Во меѓувреме, полицијата го приведе сопственикот на ноќниот клуб, Анатолиј Зак.Локалните власти соопштија дека семејствата на секој од загинатите ќе добијат компензација од по 3.400 долари, одлука донесена на вонредниот состанок на градската управа на Перм.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

