Свет
Продолжен е мандатот на мисијата на ОН во Кипар
Советот за безбедност на Обединетите нации го продолжува мандатот на своите мировни сили на Кипар за уште шест месеци, наспроти противењето на Турција
Во резолуцијата прифатена со 14 гласови и еден против, се повикуваат кипарските Грци и Турци да најдат решение за поделената медитеранска островска држава.Советот за безбедност нагласил дека „сега постои ретка прилика да се направи значаен напредок“ во преговорите за соединување и подвлекува дека ОН се спремни да им помогнат на двете страни во постигнување „сеопфатен и траен договор“ со кој ќе финишира кипарскиот конфликт и поделбата на островот.Советот за безбедност побарал и забрзување на темпото на преговорите.Од друга страна, амбасадорот на Турција во ОН, Ертугрул Апкан, изразил противење поради тоа што и оваа резолуција, како и сите претходни, се повикува на владата на Кипар која како што тврди Анкара, уште од 1963 г. ја претставуваат само кипарските Грци.Во новата Резолуција се продолжува мандатот на мировните мисии на ОН до 15 јуни.Мисијата на ОН е воспоставена во 1964 г. со цел да ги спречи конфликтите помеѓу кипарските Грци и кипарските Турци. Кога во 1974 г. повторно избиле немири, овластувањата на мисијата на ОН биле проширени со надгледување на линијата на примирје, одржување на тампон зоната и хуманитарни активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

