Свет
Во Москва вистинска руска зима
Руската престолнина во среда забележа температура од -25 степени Целзиусови. Како што пренесуваат тамошните медиуми, од студот веќе е забележана првата московска жртва, а во Кома измерена двојно пониска температура
Началникот на Московскиот хидро-метеоролошки завод, Алексеј Лијахов, најниската декемвриска температура во Москва е измерена на 15-ти декември 1997 г. е измерена и изнесувала -27.3 степени Целзиусови.Московските градски власти годинава подготвија осум засолништа од студовите, кои треба да го намалат бројот на смртни случаи како последица од измрзнување, што треба да ги користат најсиромашните московјани и бездомници. Овие засолништа се опремени со кревети, храна и топли напивки. На граѓаните им е советувано да не консумираат алкохол и да не пушат на отворено. Легендарното московско метро деновиве стана засолниште на големиот број бездомници, но и на кучињата скитници. Сепак, според другите делови на Русија, Москва изгледа и најтопла. Имено, во северозападната република Кома е измерена температура од -51 степени а во сибирската област Иркутск се измерени -46 степени Целзиусови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

