Свет
Полицаец сообраќајните казни ги наплаќал со секс

Сообраќаец од Нов Зеланд е осуден на две години затвор бидејќи принудил проститутка казните да му ги плати во „натура“
Нејтан Коноли бил осуден од судот во Кристчарч во четврток во процес кој траел цел месец за присилување на секс со закана. Судијата во поуката истакнал дека 31-годишниот сообраќаен полицаец мора да биде казнет со доволно тешка казна која на јавноста ќе и’ покаже дека треба да има доверба во полицијата.Полицаецот искористил тоа што регистрираната проститутка имала казни во висина од илјада новозеландски долари и ја присилувал на секс цели девет месеци. Казната ја „наплаќал“ најчесто во неговото службено возило, навела во пријавата оштетената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран со нов воздушен напад врз Израел

Иран вечерва, по локално време, започна нов бран ракетни напади врз Израел, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.
Според нив, ракетите биле испукани од различни делови на земјата.
Засега нема дополнителни информации.
Свет
Мерц: Иранскиот режим е ослабен и веројатно нема да се врати на својата поранешна сила

Израелските напади го ослабнаа Иран, а иранскиот режим е малку веројатно да се врати на своето поранешно ниво на моќ, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Овој режим е многу ослабен и веројатно нема да се врати на својата поранешна сила, што ја прави иднината на земјата неизвесна. Ќе мора да почекаме и да видиме што ќе се случи“, изјави Мерц за германската телевизија Велт на самитот на Г7 во Канада денес.
Тој додаде дека доколку се појави нова тешка политичка ситуација, Германија, Франција и Велика Британија повторно ќе бидат подготвени да понудат дипломатска помош, како што правеа до минатата недела.
Свет
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од Израел со владини авиони

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од Израел со владини авиони поради конфликтот со Иран, кој започна во петокот, објавија денес властите на двете земји.
Авион на чешката влада со 66 лица слета утрово во Прага. Ден претходно, словачки авион евакуираше 73 лица од Аман до Братислава.
Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова изјави дека повеќето од 66-те евакуирани лица се чешки државјани.
Според чешките медиуми, конвој евакуирани лица тргнал од Тел Авив вчера утро и се упатил кон Шарм ел Шеик во Египет, каде што се качиле на авион. Тие биле транспортирани со автобус и ја преминале границата пеш.
Словачки владин авион со 73 патници, повеќето од нив Словаци, слета во Братислава во понеделник пред 19 часот, изјави министерот за надворешни работи Јурај Бланар.
Меѓу евакуираните имало Полјаци, Чеси, Австријци, Словенци и други.
Словачка денес испраќа втор авион, а и за утре е планирана евакуација на словачки и странски државјани.