Свет
Убиен босот на голем мексикански нарко картел
Во судир со мексиканската војска во средата бил убиен Артуро Белтран Леива, водачот не еден од најголемите тамошни картел заедно со неговите четири телохранители, пренесе Times Online
Првиот човек на нарко картелот на браќата Белтран Леива, бил убиен во жесток судир меѓу припадници на неговата организација и околу 200 мексикански маринци во местото Куернавача, во близина на Сиудад Мексико, соопштило мексиканското министерство за поморство. Во информацијата се додава дека еден од загинатите самиот се убил откако видел дека е во безизлезна ситуација. Во пресметката биле ранети тројца војници со шрапнели од рачна граната, дополнува министерството. Овој картел на браќата Белтран настанал во 2001 г. со издвојување од кланот Синалоа, кога неговиот водач Хоакин Гузман Чапо побегна од мексикански затвор и оттогаш се наоѓа во бегство. Неодамна Гузман од страна нa магазинот Forbes беше ставен на листата на светските доларски милијардери со поголемо влијание од францускиот претседател Никола Саркози.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

