Свет
Земјотрес со магнитуда од 7,2 степени кај Соломонските Oстрови
Архипелагот Соломонски Oстрови во Тихиот Океан бил погоден со земјотрес со силина од 7,2 степена по Рихтер, соопштил американскиот Институт за геолошки истражувања
Претходно во истиот регион кој е автономна територија на САД, бил забележан земјотрес со магнитуда од 6,5 степени по Рихтер, по кое било издадено предупредување за локaлна опасност од цунами, пренесе Reuters.Посилниот земјотрес се случил во рано утринава а епицентарот бил на околу 103 километри југоисточно од градот Гизо, на длабочина од 30 километри.Пацифичкиот центар за истражување од цунами предупреди повторно дека се можни локални појави на плимен бран – цунами во крајбрежното подрачје на неколку стотини километри од епицентарот. Соломонските острови се наоѓаат на околу 2.500 километри источно од Австралија, во ткн. „Огнен прстен“ во Пaцификот кој е често изложен на сеизмички активности. Во април 2007 г. 50 лица загинаа, а повеќе од пет илјади останаа без домовите по цунамито предизвикано од земјотресот со магнитуда од 8,1 по Рихтер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

