Контакт

Свет

Почина човекот што ги преживеа и Хирошима и Нагасаки

Објавено пред

Човекот кои ги преживеа двете атомски бомби фрлени од Американците врз Јапонија во 1945 г., починал во 93-та година од животот

Интересно е што Цутому Јамагучи на 6-ти август 1945 г. бил на службен пат во Хирошима, кога американскиот бомбардер ја фрла атомската бомба врз овој град. Тој од експлозијата добил изгореници на горниот дел од телото, но сепак уште следниот ден се вратил во својот роден град Нагасаки, 300 километри оддалечен од Хирошима. А три дена подоцна и врз Нагасаки е фрлена атомска бомба.Освен што ги преживеал двата  атомски напада, Јамагучи ни се разболел ниту од последиците од радијацијата.Тој починал во понеделникот наутро од карцином на желудникот, пишуваат во среда јапонските медиуми.Јамагучи беше единствената личност која има официјална потврда дека ги преживеал двата најстрашни напада во досегашната историја на човештвото, иако има уште неколку лица кои тврдат дека ги преживеале бомбардирањата врз двата града. Во Хирошима беа убиени 140 а во Нагасаки 70 илјади луѓе. Преживеаја повеќе од 260 илјади жители на двата града, но многу од нив подоцна со десетлетија се разболуваа и починаа како последица на изложеноста на радијација. Цутому Јамагучи беше еден од ретките кои доживеаја длабока старост и покрај високата доза радијација, но е единствен кој престојувал во двата града во времето кога врз нив биле фрлени атомските бомби. Западните медиуми пренесувајќи ја оваа вест, забележуваат дека е иронично што по капитулацијата на Јапонија по бомбардирањето, Јамагучи работел како преведувач за американските сили во Нагасаки.Инаку, официјална потврда на јапонската влада за преживеаните на атомските бомби, носи право на месечна исплата, бесплатни лекарски трошоци и – погреб на товар на државата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Објавено пред

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на заразените со коронавирусот, трет ден по ред.

Според статистиките на СЗО, во саботата беа потврдени 465.319 заразени, во петокот 449.720 а во четвртокот 437.247 нови инфекции на коронавирус, пренесе агенцијата АФП.

Се додава дека овие податоци, сепак, не ја даваат вистинската слика на пандемијата, бидејќи на бројките влијае бројот на тестовите кои се спроведуваат.

Северната хемисфера се наоѓа во „критичен момент“ од пандемијата, предупреди во петокот директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, оценувајќи дека преголем број земји бележат експоненцијален раст на бројот на заразите, а се уште е октомври. Се смета дека следните месеци ќе бидат особено тешки.

Прикажи повеќе...

Свет

Фрлен молотов коктел на Институтот за заразни болести во Германија

Објавено пред

Неколку напаѓачи фрлиле молотов коктел кон германскиот институт за инфективни болести Роберт Кох во Берлин, предизвикувајќи мала штета на зградата, соопшти денеска полицијата.

Инцидентот се случил во текот на ноќта, а стражарите во институтот, кој ја советува владата за мерките за јавно здравје за сузбивање на пандемијата на коронавирус, биле сведоци на нападот, пренесува Ројтерс.

Напаѓачите, кои не биле фатени, искршиле прозорец на зградата. Никој не бил повреден.

Берлинската полиција истражува дали нападот бил политички мотивиран, се наведува во соопштението.

Медиумите вчера ја објавија изјавата на директорот на германскиот епидемиолошки институт, Роберт Кох, Лотар Вилер, кој рече дека постојат два клучни фактори што го прават коронавирусот побрзо да се шири – смеата и разговорите.

„Онаму каде што луѓето разговараат и се смеат во мал простор, постои голема опасност од пренесување на заразата“, рече вчера Вилер.

Прикажи повеќе...

Свет

Ердоган продолжи со критиките за Макрон: „Тој треба да биде подложен на испитувања“

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска повторно изрази сомнеж за менталното здравје на Емануел Макрон, еден ден откако изнесе сличен став кон францускиот претседател, што предизвика бурна реакција од Париз.

За време на денешното телевизиско обраќање, Ердоган рече дека францускиот претседател е деноноќно опседнат со него.

„Макрон е случај и навистина треба да биде подложен на испитувања“, рече турскиот претседател.

Ердоган неодамна ја оцени како провокација изјавата на Макрон за „исламистичкиот сепаратизам“ и потребата Франција да го структурира исламот, бидејќи властите во Париз подготвуваат закон за тоа прашање.

Турскиот претседател тогаш го осуди односот на Макрон кон муслиманите за време на телевизиското обраќање во саботата.

„Сè што можеме да кажеме за шефот на државата кој третира милиони припадници на различни верски заедници на овој начин е – одете на прегледи за ментално здравје“, рече Ердоган и додаде дека на Макрон му треба третман.

Минатата недела, на комеморацијата на убиениот учител Самуел Пати, францускиот претседател рече дека земјата „ќе продолжи да ги брани карикатурите“.

Пати беше убиен од исламист затоа што им покажал карикатури на муслиманскиот пророк Мухамед на учениците на часот за слободата на изразување.

Како одговор на изјавата на Ердоган во саботата, која беше оценета како неприфатлива, Франција го повика својот амбасадор во Анкара на консултации и тоа се случува за прв пат по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Париз и Анкара имаат различни ставови за голем број меѓународни прашања, како што се тензиите во источниот Медитеран, конфликтите во Либија и регионот Нагорно Карабах, каде што Турција го поддржува Азербејџан против Ерменија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет9 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија10 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија12 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион13 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион15 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Европа16 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион17 часа

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ18 часа

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија19 часа

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија20 часа

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Македонија21 час

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата. „Ова ново...

Македонија1 ден

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија1 ден

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион2 дена

На Балакнот рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет2 дена

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет2 дена

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија2 дена

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија2 дена

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија2 дена

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Досие