Свет
Во Египет по богослужба убиени најмалку пет православни
Најмалку пет православни коптски христијани се убиени во напад кој доцна навечер во средата се случил пред црква во јужен Египет, аво друг напад пред манастир се ранети девет лица
Непознат напаѓач од автомобил почнал рафално да стрел аврз верниците во градот Нгаа Хамади, додека тие излегувале од црквата по полноќната богослужба, јави BBC. Во нападот покрај петте жртви, има уште најмалку десет ранети, изјавиле сведоци.Според Associated Press, повеќе напаѓачи од автомобилот стрелале во луѓето, убивајќи притоа полицаец и шест коптски христијани, кои се подговтуваат да ги прослават Божикните празници, соопштил египетски полициски офицер во четврток.На полноќната богослужба во православниот храм во градот Нгаа Хамади, присуствувале многи припадници на коптската заедница, јави агенцијата. „Три неидентификувани лица од автомобил отворија оган врз христијани во трогвската област, каде овие вршеле набавки за Божик“, рекол официјален претставник на службите за безбедност, цитиран од египетската државна новинска агенција MENA.Според агенцијата, која се повикува на истиот извор, вооружени лица, исто така, отворија оган пред православен коптски манастир кој се наоѓа во руралната областа близу градот во провинцијата на Кана. При што биле повредени други девет други лица беа повредени во пукањето, додаде тој.Коптските христијани во Египет хи има околу осум милиони и претставуваат десет отсто од цкупното население во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

