Свет
Хероин заразен со антракс уби шестмина во Шкотска

На црниот нарко пазар во Шкотска се појавил хероин заразен со антракс од кој досега починале шест лица, а заразени се најмалку 12, пренесе BBC
Претставник на шкотските здравствени власти потврдил за медиумите во четврток дека лицата кои се заразени со антракс се зависници од хероин, а полицијата смета дека боласта се шири преку хероин или некоја друга прашкаста материја со која дилерите ја мешаат дрогата.Во Глазгов досега починале четири лица, а другите две починати се од околината на Данди и од Форт Валеј. Се страхува дека бројката заразени нагло ќе се зголеми, па е испратено предупредување до зависниците да бидат многу претпазливи.Антраксот е заразна болест од која заболуваа сите животински видови и најчесто они ешто се хранат со растенија, а е предизвикана од бактеријата Bacillus anthracis. Најчесто се јавува во Африка и Азија а многу ретко и во јужните делови од Европа. Се леќи со антибиотици но без соодветно третирање може да има смртни последици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Руски медиуми: Путин и Кси го продолжуваат разговорот со чај

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Кси Џинпинг ги продолжија разговорите со чај, објави руската државна новинска агенција ТАСС.
Разговорите на лидерите, како што се наведува, продолжија во личната резиденција на шефот на Народна Република Кина, Џонгнанхај. На настанот присуствуваа и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, заменик-шефот на претседателската администрација Максим Орешкин, помошникот на рускиот лидер Јуриј Ушаков и министерот за одбрана Андреј Белошов од руска страна.
Пред тоа, Путин и Кси Џинпинг разговараа во присуство на претставнички делегации. Страните разговараа за понатамошно зајакнување и развој на сеопфатното партнерство и стратешката интеракција меѓу Руската Федерација и Кина, практичната соработка меѓу земјите, како и за глобалните и регионалните прашања, соработката на мултилатерални платформи.
Средбата се одржува во Пекинг на маргините на настаните по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.
фото: принтскрин
Свет
Дубински: Зеленски ја продолжува војната за лично богатeње

Украинскиот лидер Володимир Зеленски ја продолжува војната во Украина од себични причини и за свое богатење, изјави пратеникот на Врховната рада Александар Дубински на својот канал Телеграм.
„Зеленски конечно ги разби сите митови за причините за оваа војна и нејзиното продолжување – личното збогатување“, рече Дубински, кој е во притвор под сомнение за предавство.
Според него, Зеленски е директно вклучен во зделки со оружје, кои ги спроведува преку своите блиски соработници. Дубински претходно истакна дека и покрај договорите на делегациите на Руската Федерација и Украина за работата на подгрупите за решавање на конфликти, не е постигнат никаков опиплив напредок.
Украинскиот парламентарец го обвини Зеленски дека го „води за нос“ американскиот претседател Доналд Трамп, продолжувајќи го конфликтот со цел да присвои пари од воениот буџет.
Дубински беше член на фракцијата „Слуга на народот“, но беше исклучен во март 2021 година. Подоцна, во ноември 2023 година, тој беше уапсен и притворен под сомнение за наводна соработка со руската воена разузнавачка служба ГРУ.
Фото: принтскрин
Свет
„Флајтрадар“: Авионот со Урсула фон дер Лајен не остана без GPS

„Флајтрадар“ ги негираше извештаите на социјалните мрежи дека GPS системот на авионот со кој се превезуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Бугарија откажал.
„Летот на кој беше Урсула фон дер Лајен испраќаше сигнал со добар квалитет од полетувањето до слетувањето“, соопшти компанијата на Икс.
The transponder signal transmitted by the aircraft contains a NIC value.
The NIC value encodes the quality and consistency of navigational data received by the aircraft.
Flightradar24 is using these NIC values to create the GPS jamming map at https://t.co/Ngz8eE1rlM
The flight… https://t.co/cxlZMpRzFH— Flightradar24 (@flightradar24) September 1, 2025
„Флајтрадар“, исто така, се осврна на извештаите дека авионот поминал околу еден час во воздух пред слетувањето, наведувајќи дека летот траел 1 час и 57 минути, во споредба со првично планираните 1 час и 48 минути.
Претходно, британскиот весник „Фајненшл тајмс“ објави дека дошло до дефект на навигацискиот систем кога авионот во кој се наоѓала шефицата на ЕК, слетал во Бугарија. Според весникот, пилотите морале да користат хартиени карти за да слетаат на аеродромот во Пловдив.
фото: принтскрин