Свет
Тинејџер изнајмил убиец да ја убие мајка му
Американско момче му платило на својот пријател четири илјади долари за убиство на неговата мајка, пренесе Associated Press
Средношколец од Хјустон изнајмил свој соученик за убиство на мајка му, зашто била престрога, соопштила полицијата додавајќи дека двајцата се упасени и обвинети за убиство.Седумнаесетгодишниот Дејниш Мозам Минхас и’ признал на полицијата дека го изнајмил една година постариот Нур Џи Мохамед да ја убие неговата мајка бидејќи постојано го контролирала, изјавил преставникот на хјустонската полиција, Брајан Харис.„Дејниш се чувствувал како зрел маж и не му се допаѓале забраните коишто му ги поставувала неговата мајка“, рекол полицаецот Харис.Минхас на 25-ти ноември наутро се јавил во полицијата велејќи дека се вратил од божикна забава и ја затекнал неговата 43-годишна мајка Табасум Кам прободена. Во текот на истрагата и двајцата го признале злосторството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Обединетите Арапски Емирати потенцијален домаќин на средбата Трамп-Путин: „Швајцарија повеќе не е неутрална“
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) би можеле да бидат потенцијален домаќин на средбата меѓу новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
Според Олег Карпович, проректорот на Дипломатската академија на руското Министерство за надворешни работи, ОАЕ би можеле да бидат место за средба на двајцата светски лидери.
Карпович нагласи дека Трамп за време на неговата кампања изјавил дека сака да придонесе за решавање на украинската криза. „Дојде време да преминеме во конкретна фаза на исполнување на дадените ветувања“, рече тој.
Тој додаде дека Трамп разбира оти политиките на администрацијата на Џо Бајден во заминување дополнително ја продлабочиле кризата во руско-американските односи, оценувајќи дека сегашната ситуација по сериозност ја надминува дури и историската Карипска криза. „Светот денес е исклучително напнат и треба да се преземат конкретни чекори“, додаде Карпович, пренесува ТАСС.
Тој ја отфрли Швајцарија како опција поради нејзиното придржување кон антируските санкции. „Швајцарија повеќе не е неутралната земја како некогаш“, рече Карпович. Во овој контекст, Блискиот Исток, а особено ОАЕ, е логичен избор поради неговата историја на успешно организирање меѓународни преговори и состаноци, вели тој.
Карпович потсети и на изјавите на Путин за време на неговата традиционална сесија на прашања и одговори во декември, кога рускиот претседател рече дека е отворен за средба со Трамп доколку новоизбраниот американски претседател го предложи тоа. „Се разбира, нашите потези ќе зависат од фактичката ситуација на теренот. Руските трупи напредуваат“, заклучи Карпович, осврнувајќи се на случувањата во Украина.
Свет
СЗО: Осум лица починаа во појава на вирусот Марбург во Танзанија
Осум лица починаа од епидемија предизвикана од вирусот Марбург во северозападниот регион Кагера во Танзанија, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Здравствената агенција на Обединетите нации соопшти дека ги информирала земјите-членки, преку својата информативна веб-страница (EIS) за појава на вирусот Марбург во регионот Кагера во Танзанија и дека ризикот од понатамошно ширење на смртоносната болест во земјата и регионот е висок.
„На 10 јануари, СЗО доби веродостојни извештаи од извори во земјата за сомнителни случаи на Марбург вирус во регионот Кагера во Обединетата Република Танзанија. Од 11 јануари 2025 година, пријавени се девет осомничени случаи, вклучително и осум смртни случаи во две области – Бихарамуло и Мулеба“, се вели во соопштението на СЗО.
СЗО објави дека добила сигурни извештаи за сомнителни случаи на Марбург вирус во провинцијата Кагери во Танзанија на 10 јануари, со симптоми на главоболка, треска, болки во грбот, дијареа, повраќање крв, мускулна слабост и на крајот надворешно крварење.
Свет
(Видео) На рудари во нелегален рудник за злато во Јужна Африка им била скратена храна и вода, извлечени се 60 тела
Јужноафриканските власти извлекоа најмалку 60 тела од окното на затворениот рудник за злато на повеќе од два километри под земја, каде што се стравува дека има повеќе заробени, по опсадата како дел од борбата против нелегалното ископување.
Опсадата на рудникот, која започна во август во градот Стилфонтејн, на околу 150 километри од Јоханесбург, го прекина снабдувањето со храна и вода во обид да ги принуди рударите да излезат на површината за да бидат уапсени.
Властите вчера почнаа да користат метален кафез за да почнат да ги извлекуваат луѓето и телата од окното, а се очекува дека ќе бидат потребни денови. „Не знам точно колку луѓе се уште се таму“, изјави јужноафриканскиот министер за полиција Сензо Мчуну за телевизијата eNCA доцна во вторникот.
„Фокусирани сме да дојдеме до нив, да им помогнеме да излезат. Тешко е да се каже кога ќе бидат извлечени сите рудари“, нагласи тој.
Во вторникот, 106 преживеани беа извлечени и уапсени поради нелегално ископување. Еден ден претходно, бројката беше 26. Јужноафриканската индустрија за благородни метали со децении се бори со нелегално ископување, што ја чини владата и индустријата стотици милиони долари годишно поради изгубени продажби, даноци и хонорари, проценува телото на рударската индустрија.
Нелегалното ископување главно е фокусирано на рудници што компаниите ги напуштиле бидејќи повеќе не се комерцијално исплатливи. Нелиценцирани рудари потоа влегуваат во нив за да извлечат се што можеби останало.
Јужноафриканската влада соопшти дека опсадата на рудникот Стилфонтејн е неопходна за да се спротивстави на илегалното ископување, што министерот за рударство Гведе Манташе го нарече „војна против економијата“. Но, жителите и групите за човекови права ги критикуваат напорите на владата.