Свет
Самоубијци по грешка се разнесоа во Карачи
Седум лица загинале во петок во Карачи, во експлозија во куќа во која се верува дека биле сокриени бунтовници
„Најмалку седум лица загинале во експлозијата. Пронајдовме шест тела, а правиме напори да го извлечеме и седмото“, изјавил Абдул Маџид Дасти, висок полициски офицер.По експлозијата полицијата во урнатините пронашла појаси со експлозив какви што користат бомбашите-самоубијци, гранати, оружје и муниција за него, пренесува AFP. Началникот на полицијата во Карачи, Васем Ахмад, изјавил дека куќата била користена од терористи и дека најверојатно случајно го активирале експлозивот.Експлозијата се случила во кварот Балдиа, које е најголемата населба во Карачи со доминатно етничко паштунско население. Според изјавата на полцискиот офицер Ахмад Васим за Associated Pres, полицијата се сомнева дека во овој кварт се притајуваат пакистанските талибани.Сојузниот пакистански министер за внатрешни работи, Рaхман Малик, изјави дека талибаните кои беа протерани од долината Сват во минатогодишната голема офанзива против нив, се кријат во Карачи и неговата околина, пренесе Reuters. Карачи е пристанишен град кој е деловен и индустриски центар на Пакистан, а минатата година само повремено беше цел на терористички акции. Но минатонеделниот бомбашки напад на верска процесија на шиитските муслимански верници предизвикува страхувања дека насилството може да се зголеми и во овој регион.На 28-ми декември, во бомбашки напад врз процесијата на малцинските шиитски муслимани, загинаа 43 луѓе и беа повредени десетици, а веднаш потоа избија немири во кои беа запалени или демолирани илјадници продавници и други објекти. Карачи инаку има долга историја на насилства, особено предизвикани од меѓуетничката омраза, меѓу Паштуните и припадниците на Урду заедницата, кои тврдат дека се потомци на бегалците од британската колонијална Индија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.