Свет
Македонија препорачана од Њујорк тајмс
Угледниот The New York Times, со тираж од повеќе од десет милиони примероци, на своето електронско издание во саботата објави список од 31 место на планетава, за кои уредниците велат дека не смеете да пропуштите да ги видите
Во изборот на еден од најавторитетните места препорачани како светско богатство кое неизоставно треба да се посети во 2010-та, доколку тоа не сте го сториле претходно, Македонија е рангирана на 21-то место.Се рабира како репрезенативна локација е презентирано Охридското Езеро за кое се вели дека е едно од најдлабоките езера на планетава, со блескави води и прогласено за Светско културно наследство на УНЕСКО. „Охридското Езеро во Македонија е локална топ дестинација за одмор, подготвено за поголема меѓународна слава.“, пишува меѓу другото коментаторот на Њујорк тајмс.Во написот се споменува извонредно богатата историја на градот и езерото, особено големиот број цркви и манастири „за секој ден од годината по една“, живописани со фрески, мозаици и икони. Одбележана е и реконструираната езерска неолитска населба. Како важни локации се споменуваат обновениот храм посветен на Свети Климент Охридски и Свети Пантелејмон на Плаошник, за кои се вели дека се „епски ремек-дела на 13-от век“, како и манастирот Свети Јован Канео, изграден од варовник и тула. Високото котирање на листата на најпосакувани туристички десстинации, весникот го образоложува со перспективите што ги има Охрид, при што се наведуваат инвестицијата од 50 милиони долари за реновирање на Охридскиот аеродром кое е планирано за 2010 г., што ќе овозможи повеќе меѓународни летови, како и изградбата на шест нови луксузни хотели, за што се предвидени 33 милиони долари. „Туристички атракции са плажите во Охрид, кои од минатата година беа уредени и опремени за поттебите на освремените тиурзам.“, се вели во тексот.Исто така, се наведува и дека определбата на владата да вложува во археолошките ископувања околу езерото, дава резлултати во „редовно откривање на археолошките богатства, како што се гробовите откриени минатиот јули, кои датираат од петтиот век“, а авторот додава дека туристие неизоставн мора да го видат и Музејот на вода, кој е реплика на наслеба од бронзеното доба.Инаку, Охрид на оваа престижна листа е во друштво на ексклузивни туристички места, како што се плажите на Шри Ланка, норвешките фјордови, Катманду во Непал, јужноафриканскиот планински масив кај Кејптаун, годинешнава светска изложба Експо во Шангај, скијачките терени во Карпестите планини во Колорадо, австрискиот монденски ски-центар Кицбил, експедиции на Арктикот, малезискаат престолнина Куалалумпур итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

