Свет
Во безредијата во Карачи над стотина загинати
Најмалку 48 лица се убиени во тридневните безредијата во економскиот центар на Пакистан, кои беа испровоцирани од политички, етнички и религиозни нерпеливости, соопштија агенциите повикувајќи се на извори од службите за безбедност
Безредијата избувнаа откако во четвртокот беше пронајден обезглавен труп на активист на највлијателната политичка партија во Карачи, движењето Мутахида Кауми, кое ја застапува заедницата Мохаџири, кои говорат урду јазик и се партнер на Пакистанската народна партија на претседателот Ариф Али Зардари. Во петокот, министерот за внатрешни работи Рахман Малик нареди на безбедносните сили да ги засилат патролите низ Карачи, за да се спречи прелевањето на насилството, посочуваат агенциите. Во Карачи, кој има 18 милиони жители, се наоѓаат главната пакистанска берза, Централната банка и две важни пристаништа. Од Карачи пристигнуваат 68 отсто од средствата во државната каса. Економијата на градот генерира една четвртина од бруто домашниот производ на земјата. Иако се коалициски парнери на национално и локално ниво, Мутахида Кауми и Пакистанската народна партија постојано се во борба за превласт. Во самиот град доминира партијата на претседателот, додека движењето има поголемо влијание во селските реони на провинцијата Синд, чија главен град е токму Карачи. Извршителите на криминалниот чин што ги предизвика безредијата не се познати. Полицијата смета дека активистот на движењето Мутахида Кауми бил убиен од локални банди, од кои секоја припаѓа кон некоја од мноштвото религиозни и етнички заедници. На 28-ми декември, во бомбашки напад врз процесијата на малцинските шиитски муслимани, загинаа 43 луѓе и беа повредени десетици, а веднаш потоа избија немири во кои беа запалени или демолирани илјадници продавници и други објекти.Карачи инаку има долга историја на насилства, особено предизвикани од меѓуетничката омраза, меѓу Паштуните и припадниците на Урду заедницата, кои тврдат дека се потомци на бегалците од британската колонијална Индија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

