Свет
Во Албанија осудени двајца Британци за злоставување момченца
Албанскиот суд ги прогласил за виновни Британците кои работеле во дом за деца, поради сексуални односи со малолетници и ги осудил на 15 и 20 години затвор, пренесоа албанските медиуми
Дино Христодолу, на 45 години и 56-годишниот Робин Арнолд ќе бидат депортирани по зидржувањето на затворската казна, соопшти албанската државан телевизија. Во информацијата се потсетува дека уште еден британски државјани, 58-годишниот Дејвид Браун, веќе издржува 20-годишна затворска казан за слично дело од ноември 2008 г. Браун го водел домот за деца во кој работеле Христодолу и Арнолд. Тој бил уапсен откако 11 од 32 момчиња, повечето Ромчиња, во 2005 г. се пожалиле на сексуално злоставување. Двајцата сега осудени избегаа од Албанија, но власите во Велика Британија ги предаде на Тирана, каде пред две години против нив пред две години е подигната судска постапка. Сите тројца Британци пред судот се изјасниле дека не се виновни. Но лекарски стручњаци кои вештачеле во случајот, од кои еден дури допатувал од САД, сведочеле дека децата на возраст од шест до девет години во периодот од 2005 г. биле сексуалнозлоставувани. Изречените казни се најдолги затворски казни изречени за странски државјани во Албанија, каде што максималната казна за педофилија е 25 години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

