Контакт

Свет

Убиен лидер на келија на Ал Каеда во Јемен

Објавено пред

Лидер на келија на Ал Каеда во Јемен убиен е пресметка со полицијата, објави јеменската државна новинска агенција, пренесува Ројтерс

dobivaj vesti na viber

Според агенцијата, силите на безбедноста ја опколиле неговата куќа, а по размена на оган тој е убиен. Куќаѕа била идентификувана од гувернерот на провинцијата Шабва во Јемен.Јемен, најсиромашната арапска држава, се бори против исламистите со помош на САД, откако Ал каеда застана зад инцидентот со бомбата во авионот за Детроит, на 25 декември.Двајца јеменски војници се убиени во заседа во провинцијата Шабва, пренесува агенцијата.Претходно, министерството за внатрешни работи соопшти дека најмалку 15 шиити бунтовници се убиени во немирите во операции на силите на безбедност откако насилството во Јемен зеде замав.Бунтовниците се борат против владата од 2004 година, жалејќи се на образовна, економска и верска маргинализација.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Шефот на француската дипломатија: Путин не покажува никакви знаци на вистинска волја за мир во Украина

Објавено пред

Шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, денес оцени дека рускиот претседател Владимир Путин не покажува знаци на вистинска волја за мир во Украина.

dobivaj vesti na viber

„Владимир Путин не покажува знаци на вистинска желба да се движи кон мир. Напротив, за прв пат минатата недела, неговите беспилотни летала намерно погодија патнички воз, при што загинаа 15 лица“, изјави Жан-Ноел Баро за парискиот весник „Либерасион“.

Баро рече дека тој напад го смета за „воен злостор“, додавајќи на тоа „силувања, депортации на деца, масакри и вонсудски егзекуции“.

„Четири години по нејзиното лансирање, јасно е дека таканаречената специјална операција на Кремљ е катастрофален неуспех за Русија – 1,25 милиони смртни случаи, што е повеќе од сите советски и руски човечки загуби од 1945 година, 1.000 смртни случаи секој ден на фронтот, како и рецесија во Русија предвидена за 2026 година“, додаде Баро.

Францускиот министер рече дека е крајно време Путин да се откаже од своите барања и конечно да прифати прекин на огнот.

Баро го осуди обидот на рускиот претседател да „предизвика хуманитарна криза“ со тоа што ќе продолжи да ја таргетира енергетската инфраструктура и покрај ниските температури во Украина.

Во врска со евентуалното продолжување на дијалогот со Русија, тој рече дека Франција никогаш не ја исклучила соработката со Русија, „со целосна транспарентност со Украина и нејзините европски партнери, и под услов таа да е корисна“.

Прикажи повеќе...

Свет

Медведев: Русија не сака глобален конфликт, ние не сме луди

Објавено пред

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека светот станува многу опасно место, но дека Русија не сака глобален конфликт. Руската инвазија на Украина во 2022 година предизвика најголема конфронтација меѓу Москва и Западот од врвот на Студената војна, иако претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп во моментов се обидуваат да преговараат за крај на војната со Русија и Украина, објави Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Медведев, кој раководи со еден вид модерно политбиро од најмоќните руски функционери, го пофали Трамп и смета дека е охрабрувачки што контактите со Вашингтон продолжуваат. Сепак, Медведев, кој во минатото даваше остри изјави до Киев и западните сили и предупреди на ризикот од ескалација на војната во нуклеарна „апокалипса“, рече дека Западот постојано ги игнорирал руските интереси, анализираат медиумите.

„Ситуацијата е многу опасна“, рече Медведев во интервју за Ројтерс, ТАСС и рускиот воен блогер ВарГонзо во неговата резиденција надвор од Москва. „Се чини дека прагот на болка се намалува“.

„Не сме заинтересирани за глобален конфликт. Не сме луди“, рече Медведев, кој беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година. „Но, глобален конфликт не може да се исклучи.“

Според написите, и Путин и Трамп ги покренаа ризиците од ескалација околу Украина, иако европските дипломати велат дека Москва вешто ја искористила картата за да ги заплаши сојузниците на Украина да не се вклучат премногу во војната.

„Ќе се залагаме за нашите интереси“
„Тие велат: „Нема шанси, Русите го измислуваат сето ова, шират паника и никогаш нема да направат ништо“, рече Медведев, додавајќи дека она што Кремљ го нарекува „специјална воена операција“ во Украина покажува дека Русија ќе се залага за своите интереси.

Запрашан за низа глобални настани во јануари, вклучувајќи ги и оние во Венецуела и околу Гренланд, Медведев рече дека сето тоа е едноставно „премногу“.

Коментирајќи го венецуелскиот претседател Николас Мадуро, руски сојузник, Медведев рече дека САД сигурно би го сметале за воен чин ако Трамп биде „киднапиран“ од странска сила.

Тој, исто така, ги отфрли западните тврдења за руска или кинеска закана кон Гренланд како лажни „хорор приказни“ измислени од западните лидери за да ги оправдаат сопствените постапки.

Прикажи повеќе...

Свет

Европа ризикува да стане подредена, поделена и деиндустријализирана ако не се трансформира во „вистинска федерација“, вели Драги

Објавено пред

Европа ризикува да стане подредена, поделена и деиндустријализирана ако не се трансформира во „вистинска федерација“, предупреди денес поранешниот италијански премиер и претседател на Европската централна банка, Марио Драги, во говорот на Универзитетот во Лувен во Белгија, пренесува „Euronews“.

dobivaj vesti na viber

Според Драги, „моќта бара Европа да се трансформира од конфедерација во федерација“ бидејќи глобалниот поредок „сега се распадна“. Во својот говор, кој го одржа за да добие почесен докторат, Драги го опиша распаѓањето на глобалниот поредок, чие опаѓање го гледа од влегувањето на Кина во Светската трговска организација и почетокот на западната трговија со земја „која имаше амбиција самата да стане посебен пол на моќ“.

Ова, рече тој, го подготви теренот за „политичкиот отпор со кој се соочуваме денес“ и на крајот создаде „свет со помалку трговија и послаби правила“ – што е болно, но не е закана само по себе.

„Заканата е она што доаѓа наместо тоа“, рече Драги, посочувајќи на промената во Соединетите Американски Држави. „САД наметнуваат царини на Европа, загрозувајќи ги нашите територијални интереси и за прв пат јасно ставајќи до знаење дека ја гледаат политичката фрагментација на Европа како корисна за сопствените интереси.“

Од друга страна, рече тој, Кина сè уште контролира клучни точки во глобалните синџири на снабдување и е подготвена да ја искористи таа предност со поплавување на пазарите, задржување на клучните суровини и принудување на другите да ги сносат трошоците за сопствените нерамнотежи.

Соочена со обидите на САД да комбинираат партнерство со доминација и со Кина што го одржува својот модел на раст со извоз на сопствените трошоци на други, ЕУ мора фундаментално да ја промени својата структура, рече Драги, предупредувајќи дека „здружувањето на мали земји не создава автоматски моќен блок“.

Тој тврдеше дека во областите каде што Европа се „федерализирала“, како што се трговијата, конкуренцијата, единствениот пазар и монетарната политика, таа е „почитувана како сила и може да преговара како единствен блок“. Тој посочи на „успешните“ трговски договори неодамна склучени со Индија и Латинска Америка како доказ.

„Онаму каде што не сме го направиле тоа – во одбраната, во индустриската политика, во надворешните работи – ние сме третирани како лабава група средно големи земји кои треба да се поделат и соодветно да се постапува со нив“, рече Драги.

„Координирана група земји останува само група земји – секоја со право на вето, секоја со свој буџет и секоја е предмет на индивидуално издвојување“. Тој го нарече својот предлог „прагматичен федерализам“ кој „го прекинува денешниот ќорсокак без да потчинува никого“.

„Земјите-членки се приклучуваат. Вратата останува отворена за другите, но не и за оние кои би ја поткопале заедничката цел. Не мора да ги жртвуваме нашите вредности за да станеме моќни“, рече Драги, наведувајќи го еврото како „најуспешен пример“, каде што некои членки на ЕУ започнаа, а други се приклучија подоцна.

„Од сите оние што се заглавени меѓу САД и Кина, само Европејците имаат потенцијал сами да станат вистинска сила. Затоа мора да одлучиме: дали ќе останеме само голем пазар, предмет на приоритетите на другите луѓе? Или ќе преземеме потребни чекори за да станеме обединета сила?“ „Европа која не може да ги брани своите интереси нема долго да ги зачува своите вредности.“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија1 час

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија1 час

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија2 часа

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...

Економија2 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија2 часа

Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за во четврток, велат од Владата

Владата, како што соопштија од таму, најостро реагира на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог, а во врска...

Македонија2 часа

Владин претставник не дојде во ССМ за зголемување на минималецот: Бегаат од одговорноста како што бегаа цела 2025 година, вели Трендафилов

Со објава на социјалните мрежи утрово претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов извести дека владин претставник...

Свет6 часа

(Видео) Идентификувани агентите кои го убија Алекс Прети

Владини документи ги открија идентитетите на двајцата федерални полицајци кои го застрелаа и убија Алекс Прети во Минеаполис. Станува збор...

Свет7 часа

(Видео) Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

Тешките зимски услови ги нарушија транспортните и енергетските системи низ САД, приземјувајќи повеќе од 1.200 авиони и оставајќи десетици илјади...

Свет9 часа

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет9 часа

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет9 часа

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет9 часа

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија18 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет23 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион1 ден

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија1 ден

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет1 ден

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија1 ден

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија1 ден

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...