Контакт

Свет

Париз демантира дека протестирал до Вашингтон

Објавено пред

Франција не вложила никакво протест кај САД заради неговото управување со аеродромот на Хаити, соопшти во сабота навечер француското министерство за надворешни работи

dobivaj vesti na viber

Со ова официјален Париз ги негира ги претходните изјави на својот државен секретар за мешународна соработка Ален Жоианде дека „официјално протестирал“ зашто во петокот не му било дозволено на францускиот авион-болница да слета на аеродромот во Порт-о-пренс, пренесе France presse. „Немаше никаков протест на француската влада зараду управувањето со аеродромот Порт-о-пренс“, изјавил портпаролот Бернар Валеро, во иемто на француското министерство за надворешни работи.„Француско-американската соработка во врска со итната помош за Хаити тече на најдобар можен начин, со оглед на извонредно големите тешкотии во врска со трагичните последици од земјотресот кој го погоди Хаити и со размерите на настанатата штета.“, додал Валеро, поранешниот француски амбасадор во Република Македонија.„Преку американската амбасада официјално протестирав кај Американците“,  претходно вечерва изјави за новинарите Жоианде на аеродромот во Порт-о-пренс.На францускиот според него авион-болница му било забрането слетувањето во петокот навечер, под изговор дека авионот е пренатрупан со десетици авиони кои донесле во главниот град на Хаити спасувачки екипи и помош за жртвите од катастрофалниот земјотрес. Авионот превезувал полска болница која требало да биде поставен во кругот на француската амбасада во Порт-о-пренс.Француската новинска агенција забележува дека Жоианде рекол дека неговиот протест го сторил и официјален Париз, односно минситерот за андворешни работи, цитирајќи го –„Бернар Кушнер го поддржа овој чекор“, рекол државниот секретар од Хаити.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Фото) Пчела „Луцифер“ пронајдена во Австралија

Објавено пред

Австралиските научници открија нов вид на автохтона пчела со ситни рогови, на која ѝ го дадоа соодветното „пеколно“ име, Луцифер, објави Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Видот Megachile lucifer беше откриен од истражувачи додека набљудуваа ретко диво растение кое расте исклучиво во областа Бремер Рејнџс во Западна Австралија, околу 470 километри источно од Перт.

Женките имаат мали рогови
Според водечкиот истражувач, докторката Кит Прендергаст од Универзитетот Куртин, „карактеристичните мали рогови“ се присутни само кај женките и би можеле да се користат за одбрана, собирање полен и нектар или за собирање материјали како смола за градење гнезда.

„Женката ги има овие неверојатни мали рогови на лицето“, рече д-р Прендергаст. „Кога го пишував описот на новиот вид, во тоа време ја гледав серијата на Нетфликс ‘Луцифер’ и името совршено се вклопуваше. Плус, јас сум голем обожавател на ликот, па немаше прашање.“

Името Луцифер, што на латински значи „носител на светлина“, според нејзините зборови, исто така ја симболизира потребата од поголема заштита и истражување на австралиските пчели и подобро разбирање на тоа како се опрашуваат загрозените растенија.

Во христијанската теологија, Луцифер често се идентификува со паднат ангел кој се побунил против Бога и бил исфрлен од рајот поради неговата ароганција. Иако латинското име Луцифер првично значи „носител на светлина“ и се однесува на утринската ѕвезда (Венера), подоцна стана симбол на Сатаната во библиската и теолошката традиција.

Се бара заштита
Студија објавена во Journal of Hymenoptera Research ги повикува властите официјално да ја прогласат областа каде што се откриени нов вид пчели и ретко диво растение за заштитено подрачје за да се спречи уништување на шумите и уништување на живеалиштата.

„Бидејќи новиот вид и загрозеното растение се наоѓаат на истата мала област, и двете би можеле да бидат изложени на ризик од губење на живеалиштата и закани како што се климатските промени“, предупреди д-р Прендергаст. Таа додаде дека многу рударски компании дури и не ги земаат предвид автохтоните пчели во нивните проценки на влијанието врз животната средина.

„Како резултат на тоа, може да губиме неоткриени видови, вклучително и оние што играат клучна улога во зачувувањето на загрозените растенија и екосистеми. Ако не знаеме кои пчели постојат и од кои растенија зависат, би можеле да ги изгубиме и двете пред дури и да ги знаеме“, заклучи таа.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Трамп се закани на Би-би-си со тужба од 1 милијарда долари: ќе ја повлече ако ги исполнат неговите три барања

Објавено пред

Британската јавна радио-телевизија е во длабока криза откако беше откриено дека говорот на Доналд Трамп бил измамнички монтиран во документарец емитуван минатата година, што доведе до оставки на генералниот директор и раководителот на информативната програма. Американскиот претседател сега се заканува со тужба од 1 милијарда долари.

dobivaj vesti na viber

Доналд Трамп ѝ се закани на Би-би-си со тужба од 1 милијарда долари поради контроверзен клип во документарната програма „Панорама“ од октомври 2024 година, емитуван една недела пред претседателските избори во САД. Во него беше прикажан монтиран говор на Трамп во пресрет на немирите во Капитол во 2021 година, оставајќи впечаток дека им рекол на своите поддржувачи дека ќе оди со нив до американскиот Капитол за да „се бори жестоко“.

Во писмото од 9 ноември, испратено од адвокатот од Флорида, Алехандро Брито, се наведуваат три барања за избегнување на тужбата, со рок до петок во 22 часот по британско време за одговор.

Тимот на Трамп бара Би-би-си да издаде „целосна и фер корекција“, веднаш да се извини и „соодветно да го обештети“ американскиот претседател.

Трите барања се:
• Објавување „целосно и чесно повлекување“ на документарецот
• Веднаш извинување
• „Соодветна отштета“ на американскиот претседател

Портпаролот на Би-би-си кратко рече: „Ќе го разгледаме писмото и ќе одговориме директно навреме“.

Оставки и извинувања на врвот на Би-би-си
Како одговор на скандалот, претседателот на Би-би-си, Самир Шах, вчера се извини за „грешка во проценката“ при монтажата на видеото. Во писмо до парламентарниот Комитет за култура, медиуми и спорт, Шах призна дека говорот бил монтиран на начин што оставил „впечаток на директен повик за насилна акција“.

„Би-би-си сака да се извини за оваа грешка во проценката“, додаде тој.

Загриженоста околу контроверзниот клип првпат се појави откако протече интерен меморандум од независниот советник на Би-би-си. Тоа доведе до оставки на генералниот директор Тим Дејви и раководителката на вестите Дебора Тернес, кои беа објавени во недела навечер.

И покрај оставките, Тернес вчера ја бранеше корпорацијата, отфрлајќи ги обвинувањата за институционална пристрасност и нагласувајќи дека новинарите на Би-би-си се „вредни луѓе“ кои „не се корумпирани“.

Владата застана зад Би-би-си
Портпаролот на британскиот премиер вчера изјави дека Би-би-си не е корумпирана или институционално пристрасна, туку има „клучна улога“ во модерната ера, но мора да „одржува доверба и брзо да ги исправа грешките кога ќе се случат“.

Сличен став изрази и министерката за финансии Рејчел Ривс, која ја поддржа корпорацијата, но исто така рече дека „треба да се научат лекции“.

Ветеранот во телевизиското новинарство, Џонатан Димблби за Скај њуз изјави дека верува оти Би-би-си не му должи на Трамп ништо повеќе од извинување. Тој призна дека „се направени сериозни грешки што требало да се исправат“, но инсистираше дека Би-би-си е „посветена на непристрасност“.

Од друга страна, поранешниот правен дописник на Би-би-си, Џошуа Розенберг, верува дека корпорацијата „многу веројатно“ ќе разгледа спогодба со Трамп како најдобра опција за излез од оваа криза. Овој случај е најновиот во долгата низа правни битки на Трамп со медиумите.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Американскиот Сенат ги одобри мерките потребни за прекин на најдолгата блокада на владата

Објавено пред

Во понеделникот, Сенатот ги одобри потребните мерки за прекинување на најдолгото затворање на владата на САД во историјата, кое траеше 41 ден, откако осум членови на демократската опозиција одлучија да застанат на страната на републиканското мнозинство.

dobivaj vesti na viber

Законот за завршување на блокадата доби поддршка во Сенатот
Конечната верзија на законот беше одобрена од 60 сенатори, а 40 беа против.

Процесот сè уште не е завршен, но се очекува дека нема повеќе пречки за повторно отворање на владата. Законот сè уште треба да биде поддржан од Претставничкиот дом, кој се очекува да одлучи за него во среда. По усвојувањето на таа инстанца, законот ќе биде испратен во Белата куќа за потпишување на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Сенаторите ја започнаа својата работа во 11 часот по локално време, а гласаа за клучниот закон за прекинување на блокадата на владата кратко по 21 часот.

Олеснување за милиони Американци
Во времето на објавувањето на усвојувањето на законот, повеќето сенатори веќе ја напуштија просторијата. Но, оние што останаа ја поздравија одлуката, која треба да им донесе олеснување на околу 1,4 милиони вработени кои се на неплатен годишен одмор повеќе од еден месец или работат без да добијат плата, како и на милиони други Американци. Тоа треба да биде и крај на хаосот на американските аеродроми, каде што беа откажани 2.000 летови, а повеќе од 7.000 беа одложени поради недостаток на контролори на летање.

„Ќе ја отвориме владата повторно, ќе се погрижиме федералните вработени да ја добијат компензацијата што ја заработиле и што ја заслужуваат“, рече републиканската сенаторка Сузан Колинс, која одигра клучна улога во изготвувањето на законодавството.

Меѓу демократските сенатори, имаше многумина разочарани и загрижени за идните потези на партијата. Повеќето од нив сакаа да истраат во блокадата и да чекаат републиканците да се откажат од мерките за здравствена заштита. По овој компромис, поддржан од осум опозициски сенатори, оправдано се поставува прашањето како демократите ќе се спротивстават на републиканците и претседателот Трамп во иднина.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет55 минути

(Видео) Трамп се закани на Би-би-си со тужба од 1 милијарда долари: ќе ја повлече ако ги исполнат неговите три барања

Британската јавна радио-телевизија е во длабока криза откако беше откриено дека говорот на Доналд Трамп бил измамнички монтиран во документарец...

Свет1 час

Американскиот Сенат ги одобри мерките потребни за прекин на најдолгата блокада на владата

Во понеделникот, Сенатот ги одобри потребните мерки за прекинување на најдолгото затворање на владата на САД во историјата, кое траеше...

Свет1 час

Сирија се приклучува на меѓународната коалиција против Исламска држава

Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција против Исламска држава (ИСИС) предводена од САД, изјави во понеделник американски функционер под...

Македонија11 часа

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија11 часа

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија16 часа

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија19 часа

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ19 часа

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија19 часа

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...

Македонија19 часа

Половина од младите во Македонија не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ

Повеќе од 46 отсто од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската унија, покажува новиот...

Македонија20 часа

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, предупредува МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека до неколку граѓани од страна на сторители што лажно се претставуваат во име на...

Македонија22 часа

Комисијата за историски прашања е алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, вели Димитров

Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија,...

Свет1 ден

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет1 ден

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет1 ден

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа1 ден

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складиштен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа1 ден

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ1 ден

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...