Свет
Серија бомбашки напади во Кабул-јавните институции на мета
Најмалку 13 луѓе се повредени во серијата бомбашки напади што изутрината ги извршија талибанските бунтовници во Кабул
Дваесетина талибански бунтовници го запоседнаа авганистанскиот главен град вршејќи низа бомбашки напади, а жестоки борби и натаму се водат во некои од предградијата на Кабул.Според информациите на НАТО, полицијата во еден трговски центар застрелала најмалку двајца милитанти кои се обиделе да го заземат.Портпаролот на талибанците, како што јавија агенциите, потврди дека најмалку 20 милитанти подготвени на самоубиствени бомбашки напади изутрината започнале акции за напади во Кабул, а цел се зградата на Владата вклучувајќи ја и претседателската резиденција.Според нив на метата на талибанците се наоѓаат и министерството за одбрана и правосудство но и хотелот Серена во кој отседнуваат најголем дел од западните дипломати при престојот во Кабул.Авганистанскиот министер за здравство потврди дека најмалку 13 цивили се повредени во судирите меѓу талибанците и безбедносните сили.НАТО објави дека неговите сили им излегле во пресрет на авганистанските војници во борбите против бунтовницитеМакедонија неодамна во Авганистан испрати 149 војници од втората пешадиска бригада како дел од осмата ротација на мисијата ИСАФ кои се дел од командата на Обединетото кралство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.
Свет
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах: им подлегна на повредите
Мансуре Хоџастех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина од повредите здобиени во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина.
Според иранските државни медиуми, Хоџасте беше повредена во истиот бран напади, а денес им подлегна на повредите.

