Свет
Гугл создаде централизиран пребарувач за исчезнатите во земјотресот на Хаити
Интернет пребарувачот Гугл соопшти дека создал централизиран интернет систем за пронаоѓање на лицата исчезнати во катастрофалниот земјотрес, кој минатата недела го погоди Хаити
Новата интернет платформа ги обединува сите поголеми системи за он-лајн пребарување, кои се појавија во некои американски медиуми по земјотресот, што се случи минатиот вторник.Веќе постоечките пребарувачи, како тие на Си-Ен-ЕН, Мајами Хералд и на Њјуорк тајмс, нудат информации, но постои ризик лицата да не ги пронајдат своите блиски, доколку бараат на погрешно место на интернет. Новата услуга го решава овој проблем и е проектирана на начин на кој лесно се интегрира во други медиумски сајтови, претворајќи се во основна база на податоци за луѓето, чија судбина е во неизвесност.Овој пребарувач на Гугл е достапен на три јазици, англиски, француски и креолски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“
„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како непријател, изјави кинескиот претседател Шји Џјинпинг на средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пренесува „Политико“.
„Нашите земји, мора да бидат верни на нивните зборови. Мора да си помагаме да напредуваме, а не да си наштетуваме“, рече кинескиот претседател кого Џо Бајден не еднаш го нарече „диктатор“, пренесува медиумот.
Покрај тоа, Џјинпинг истакна дека има многу отворени прашања меѓу Кина и Соединетите Американски Држави кои бараат решавање.
Пекинг е иритиран од обидите на Вашингтон да го зајакне својот сојуз со Јапонија и Филипините, да обезбеди воена поддршка на Тајван и да го ограничи пристапот на Кина до напредните полупроводнички технологии.
Сепак, и покрај зголемените противречности, Блинкен ја уверил кинеската страна дека САД се посветени на развивање на односите „за добробит на двата народа“, пишува „Политико“.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.