Свет
Убиени осум лица во Вирџинија
Осамен напаѓач, како што наведуваат американските медиуми, убил осум лица во близина на Апоматокс во југоазападна Виџинија, по што се сокрил во билската шума каде е опколен о дполицијата, јави Asssociated Press
Според полициски извори на агенцијата, на местото на инцидентот пристигнале повеќе од стотина полицајци,а потерата по напаѓачот предизвикала блокада на поголемиот дел од југозападното рурално подрачје на сојузната држава Вирџинија. Напаѓачот стрелал кон полицискиот хеликоптер кој принудно слетал, откако бил погоден во резервоарот. Во хајката во вторник навечер биле вклучени икучиња трагачи и уште еден хеликоптер на американската Национална гарда со термо-камера.„Тие го претражуваат подрачјето, а тоа ќе продолжи се’ додека осомниченито не биде уапсен“, изјавил полицскиот наредник Том Молнар.Убиствата почнале во вторник попладне, кога прво бил пронајден повреден човек на локален пат. Полицаецот кој одел да го истражи случајот, морал да се повлече бидејќи врз него било стрелано, соопштила полициската портпаролка, Корин Гелер.Засега полицијата нема информации за поврзаноста на осомничениот за убиствата и жртвите. Апоматокс се наоѓа во округ со 15 илајди жители, околу 160 километри од Ричмонд, главниот град на Вирџинија. Ова место е познато од историјата, кога командантот на силите н аКонфедерацијата, генералот Роберт Ли му се предал на командантот на силите на Унијата, генералот Грант на крајот од американската Граѓанска војна од 1862-65 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

