Свет
Жени бомбаши-самоубијци испратени на Запад
Поголема група жени со не-арапско потекло кои се подготвувани за бомбаши-самоубијци се испратени на цели во западните земји
Припадниците на безбедносните служби а особено припадниците на обезбедувањата на јавни објекти, аеродроми, пристаништа, метроа, железнички станици, стадиони и други места каде има масовно присуство на луѓе се предупредени да внимаваат на жени кои имаат пасоши од западни држави, за кои се верува дека успеале да го преживеат нападот врз кампа на Ал КАеда во Јемен.„Има повеќе лица кои се увежбувани а не се Арапки и немаат никакви досиеја, лица кои воопшто не изгледаат како да се припадници на Ал Каеда и не мораат нужно да бидат мажи, бидејќи во кампот биле обучувани и жени“, изјавил поранешниот советник на Белата куќа, Ричард Кларк, пренесува Daily Mаil.Оваа сознание се темели на сознание добиено пир испитувањето на Нигериецот Умар Фарук Абдулмуталаб кој на 25-ти декември се обиде да го урне авионот кој леташе од Амстердам до Деторит. И самиот тој обучуван за неговиот неуспешен напад во Јемен, рекол дека има уште лица од запад кои со него биле на обука. Досега жени самоубијци од арапско потекло извршија напади во Ирак и Израел, но безбедносните служби сега предупредуваат дека неизоставно ќе следат напади и на западни жени во САД и во Европа.Во Русија исто така ткн. „црни вдовици“, жени од Чеченија кои ги загубиле мажите или некој друг машки член од семејството во судирите со руските безбедносни сили, пред неколку години изведоа самоубиствени и терористички напади.Ова предупредување всушност е причина што британското министерство за внатрешни работи во петок навечер го подигна нивото на узбуна од терористички закани од „висока“ на „опасна“, што според соопштението значи многу веројатна опасност од нападМерката е преземена неколку дена пред одржувањето на двата големи меѓународни собири кои ќе се одвиваат во Лондон, на кои ќе присуствуваат политички претставници од повеќе од 60 држави. Првиот собир е средбата за Јемен, во среда а во четврток ќе се зборува за ситуацијата во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.

