Свет
Британија незаконски го нападнала Ирак
Ова го тврдат двајцата највисоко позиционирани адвокати на Британската влада од времето на инвазијата врз Ирак нагласувајќи дека тој чин бил противзаконит бидејќи не била донесена резолуција на Обединетите нации, пренесоа британските медиуми
Во неговата писмена изјава сер Мајкл Вуд, главниот правен советник на Министерството за надворешни работи во времето на инвазијата врз Ирак март во 2003 г., во неговата пизмена изјава тврди дека користењето сила против оваа држава било во спротивност со меѓународното право.„Според мене, таа употреба на сила не ја дозволи Советот за безбедност, а немаше никакви други легални основи во меѓународното право“, потенцирал во писмената изјава Вуд.Во истрагата за инвазијата врз Ирак, рекол дека неговиот сектор го предупредувал тогашниот британски министер за надворешни работи Џек Строу дека без нова резолуција на Советот за безбедност војната е незаконска. На 24-ти јануари 2003 г. Вуд писмено му ја изразил својата загриженост на Строу за изјавите кои ги дал пред тогашниот американски потпретседател Дик Чејни. Тогаш Строу на Чејни му кажа дека Велика Британија мисли дека ќе биде подобро ако биде донесена нова резолуција, но дека ќе биде во ред и ако се обидат и не успеат, како што тоа беше во случајот со Косово. Вуд тврди дека тоа од правен аспект било сосема погрешно, зашто без резолуција и постоење извонредни причини, кои тогаш не постоеле според него, Велика Британија не може законски да употребува сила против Ирак. Меѓутоа, Строу и подоцна кога разговарал со Вуд не ги прифатил неговите причини. Со аргументите на Вуд се согласила и неговата заменичка Елизабет Вилмхарст која си поднесе оставка токму заради влегувањето на Британија во војната во Ирак. Таа во писмениот извештај и таа тврди дека предупредувале дека инвазијата без нова резолуција на ОН ќе биде незаконска. „Желбата за менување на власта не дава легални причини за воена акција“, пишува во извештајот на Вилмхарст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

