Свет
Најмалку десет мртви во судири во Сомалија
Најмалку десет лица загинале ви судирите меѓу сомалиските бунтовници и мировниците сил на Африканската унија во главниот град Могадишу
Борбите избувнале во петокот наутро, кога членови на бунтовничката група ал-Шабиб и мировната мисија AMISOM, размениле артилериски оган а потоа и оган од автоматско оружје.Судирот се одвивал на автопатот кој го поврзува аеродромот со главниот град Могадишу а минува низ предградие кое е под контрола на владините сили и мировниците. Ал-Шабаб кој е во сојузништво со друга исламистичка група Хизбул Искам, се борат против прозападната сомалиската влада која е поддржана од повеќе од пет илјади мировници од Уганда и од Бурунди. Бунтовниците потврдиле дека во борбите загинале двајца нивни борци, но дека заземале дел од преградието.Владата на Шеик Шариф Ахмед, поддржана од Западот, се бори со исламистите и со екстремистичката група Шабаб, што Вашингтон ја обвинува за продолжена рака на Ал-Каеда во земајта на Рогот на Африка.Странските аналитичари сметаат дека Сомалија која е практично во безвластие последните 18 години, може да биде добар терен за Ал Каеда да ги пресели своите бази и логори за обука како што се случи во 1990-та со Авганистан. САД ја обвинуваат организацијата Ал Шабаб дека е поврзана со терористичката мрежа на Ал Каеда, но нејзините лидери тоа го одрекуваат.Аденскиот залив исто така е место на кое царуваат сомалиските пирати кои десетици бродови киднапираа и бараа високи откупи за нив, па Водат жестоки улични борби меѓу бунтовниците и владините сили, а од пред две и пол години загинаа десетици илјади лица.Убрие и колегата беа киднапирани од хотел во Могадиш, од страна на припадници на бунтовничките групи Ал Шабаб и Хезбул исламија. Тие престојуваа во Сомалија во обезбедувањето на возовите на владините сили. Тогаш киднаперите изјавија дека ќе им биде судено според исламските закони за шпионирање и за наводен заговор против исламот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.
Свет
(Видео) Лавина во Калифорнија: Осум скијачи загинаа, еден е исчезнат
Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во една од најсмртоносните вакви несреќи во историјата на САД. Спасувачите извлекоа шест преживеани по снежната бура што фрли неколку метри нов снег во Сиера во последните денови.
Лавината се случи во 11:30 часот наутро во близина на Касл Пик во Траки, Калифорнија, 15 километри северно од езерото Тахо, и затрупа група скијачи.
Преживеаните се засолниле под церади и комуницирале со спасувачите преку радио и СМС-пораки. Скијачите завршувале тридневно патување со водич. Во групата имало 11 од нив и тие престојувале во колиби на надморска височина од 2300 метри.
Сиера Невада добива повеќе од 9 метри снег во типична зима, што ја прави едно од најснежните места на западната хемисфера. Во текот на изминатите десет години, лавините во САД убиле просечно 27 луѓе годишно, според Центарот за лавини во Колорадо.
Свет
Десетина демократи ќе го бојкотираат говорот на Трамп за состојбата на нацијата
Група демократски сенатори и пратеници најавија дека нема да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата, туку ќе организираат собир на отворено како протест против неговата политика.
Настанот под наслов „Народен говор за состојбата на нацијата“ ќе се одржи во близина на Капитол, непосредно пред обраќањето на Трамп. Меѓу најавените учесници се сенаторите Џеф Меркли, Крис Марфи и Крис Ван Холeн, како и неколку пратеници од Претставничкиот дом.
Од Белата куќа реагираа дека не е изненадување што демократите одбиваат да ги поддржат политиките на републиканците, вклучително и иницијативите за даноци и депортација на имигранти.
Демократите тврдат дека Трамп го користи говорот како политичка платформа наместо како момент за обединување на нацијата. Дел од нив ќе присуствуваат во Конгресот, но планираат да изразат незадоволство на други начини.
Годишниот говор за состојбата на нацијата првпат го одржал Џорџ Вашингтон во 1790 година, а со текот на времето се претворил во значаен политички настан.

