Свет
Авганистанските сили и НАТО убиле 7 бунтовници

Во заедничка операција силите на Алијансата и авганистанската армија ликвидирале седум бунтовници во судирите на југот од земјата
Како што соопштил портпаролот на авганистанската армија, генерал Шер Мохамад Зази, авганистанските војници во неделата навечер биле во заедничка патрола во покраината Хелманд кога врз нив бунтовниците отвориле оган. Во престрелката биле убиени седум бунтовници судирот а меѓу авганистанските и странските војници немало жртви.Во втор инцидент во јужен Авганистан, во понеделник рано наутро, двајца бомбаши самоубијци нападнале полициска станица во грдот Забул, но биле спречени да го активираат експлозивот.Началникот на локалната полиција Гулам Далани Фарахи, изјавил дека полицајците стрелале врз напаѓачите. Еден бил смртно погоден, додека другиот избегал, додека еден полицаец бил ранет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп ѝ постави ултиматум на Русија: Украина добива врвно оружје, вредно милијарди

Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави новиот безбедносен план со кој ѝ се заканува на Русија со сериозни секундарни царини, доколку во рок од 50 дена не прифати договор за завршување на војната во Украина.
Зборувајќи од Белата куќа заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп изјави дека е „многу незадоволен“ од однесувањето на Москва и порача: „Ако не дојде до договор, ќе воведеме царини од околу 100 проценти.“
Истовремено, најави испорака на оружје вредно милијарди долари за Украина. Станува збор за модел според кој САД го произведува оружјето, земјите-членки на НАТО го откупуваат, а потоа ѝ го проследуваат на Украина. „Тоа е сосема логично“, рече Трамп, потенцирајќи дека Украина добива оружје, а САД остварува профит.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека ова е „навистина голема работа“, додавајќи дека новиот аранжман ѝ овозможува на Украина да ја одржи својата одбрана од Русија.
„Украина сега ќе може да добие огромни количества воена опрема – од противвоздушна одбрана до ракети и муниција“, рече Руте, нагласувајќи дека Европа со ова јасно се поставува како одговорен партнер.
„Европејците ја преземаат својата одговорност“, додаде тој, нарекувајќи ја одлуката на Трамп „историска“.
Трамп, во истото обраќање, изјави дека руската инвазија во 2022 година можела да се спречи:
„Сè тоа е приказна сè додека ракетите не тргнат кон Киев. Тоа мора да престане.“
Тој повтори дека лично го предупредувал рускиот претседател Владимир Путин повеќе пати, и порача дека сега нема повеќе одложувања – Украина ќе добие оружје, а Русија, ако одбие мир – ќе добие царини.
Свет
(Видео) Најмалку девет лица загинаа во пожар во Дом за стари лица во близина на Бостон

Најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во пожар што избувна во Дом за стари лица во областа на Бостон синоќа, соопштија властите.
Околу 70 лица живееле во Центарот за помош во Фол Ривер, Масачусетс. Пожарот избувнал околу 21:30 часот, изјави портпаролот на противпожарната служба, Џејк Ворк.
Breaking overnight near Boston
Mass-casualty incident in Fall River, Massachusetts after deadly fire rips through nursing home several deaths have been reported with many injuries including 5 firefighters prayers for the families and first responders 🙏— Chris from Massachusetts AKA TommyboyTrader (@autumnsdad1) July 14, 2025
Околу 50 пожарникари учествувале во гаснењето, од кои петмина биле полесно повредени. Градот отворил привремено засолниште за жителите на домот.
Многумина се во болница, а едно лице е во критична состојба. Несреќата е под истрага.
Свет
Песков: Русија е подготвена за третата рунда преговори со Украина

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека руската страна е подготвена да ја одржи третата рунда директни преговори со Киев.
– Очигледно е дека Киев не брза. Сè уште чекаме предлози за временската рамка – рече тој на прес-конференцијата, пренесува Ведомости.
Прес-секретарот на рускиот лидер постојано изјавуваше дека Русија е подготвена за преговори со Украина и дека прашањето за датумот „останува отворено“.
– Штом ќе се договорат датумите, и се надеваме дека тоа ќе се случи, веднаш ќе го објавиме – рече Песков минатата недела, истакнувајќи дека процесот на подготовка за следната рунда преговори е во тек и дека руската страна чека Украина да ги предложи датумите.
Во мај, Русија и Украина одржаа две рунди директни преговори во Истанбул, за прв пат по три години. Првата средба се одржа на 16 мај, втората на 2 јуни.
На последниот состанок беше постигнат договор за размена на тешко ранети и тешко болни затвореници и војници под 25 години според формулата „сите за сите“. Москва, истотака, му предаде на Киев 6.000 тела на загинати војници и офицери. Резултатот беше размена на затвореници.
Русија, исто така, му ги предаде телата на загинатите украински војници на режимот во Киев. Покрај тоа, страните разменија нацрт-меморандуми за решавање на конфликтот.
Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, изјави дека Русија е подготвена за третата рунда преговори со Украина.
На 13 јули, заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Сергеј Кислица, изјави дека форматот на преговорите во Истанбул со Русија „практично се исцрпил“.