Свет
Четиринаесет мртви на училишна забава во Мексико
Вооружена банда на нарко-картел во неделата влегла на училишна забава во градот Сиудад Хуарез и убила 14 тинејџери во еден од најопасните градови на светот
Вооружените напаѓачи излегле од џипови и стрелале врз учениците кои прославувале роденден. Сиудад Хуарез се наоѓа на границата меѓу Мексико и САД и е центар на крвави судири меѓу нарко-картелите за превласт врз илегалните канали за пренесување дроги на американскиот пазар. Очевидци изјавиле дека телата на тинејџерите лежеле на улицата во локви од крв, додека ѕидовите во куќата во која се одржувала забавата биле извалкани со крв и изрешетени со куршуми.Јавната обвинителка Патрисиа Гонзалес изјавила дека најверојатно станува збор за пресметка меѓу нарко-картелите. „Истрагата се движи во две насоки, а една од нив води до трговијата со дроги“, рекла Гозналес. Од 14-те убиени лица, 11 се малолетни, а ранети се уште 14 тинејџери од кои двајца потешко. Сите жртви се на возраст меѓу 15 и 20 години, потврдиле воени претставници.Петнаесетина напаѓачи ги блокирале пристапните улици по што почнале да пукаат пред и во куќата, изјавил портпаролот на мексиканската војска Енрике Торес. Сиудад Хуарез е најопасниот град во последните три години. По војната меѓу бандите за превласт на територијата, насилството не се намали ниту откако беа ангажирани и силни федерални и воени единици. Во 2009 г. во Сиудад Хуарез се убиени околу 2.650 лица, а од почетокот на годинава тие се во пораст, наведуваат локалните медиуми. Во војната од 2006 г. досега во пресметките во Мексико се убиени околу 17 илјади лица. Мексико е главната транзитна точка за шверцување кокаин од Јужна Америка во САД и истовремено е еден од најголемите светски производители на хероин и марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар зафати над 1.000 хектари шума во Нов Зеланд
Пожарникарите во Нов Зеланд повторно ја започнаа борбата со неконтролиран шумски пожар што зафати повеќе од 1.000 хектари во националниот парк „Тонгариро“ на Северниот остров, соопшти утринава противпожарната и спасувачка служба.
Пожарот започнал вчера попладне во популарната туристичка област „Тонгариро“, а околу 40 туристи биле евакуирани по воздушен пат. Акциите биле привремено прекинати преку ноќ поради безбедносни причини.
Заменик-командантот на противпожарната служба Ник Вест изјави дека пожарот се проширил во текот на ноќта, но засега нема информации за оштетени објекти или дополнителни евакуации.
Вест најави дека денеска преку воздушно извидување ќе се потврдат размерите на пожарот, а според првичните проценки, неговото ставање под контрола би можело да потрае уште најмалку еден ден.
Во акцијата се вклучени шест противпожарни возила и пет цистерни за вода, поддржани од шест хеликоптери и два авиони, соопшти службата.
Свет
Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци
Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја, јави ДПА.
– Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач, рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска.
Поранешниот претседател демократ, кој сега има 82 години, ова го кажа во врска со проектот на Трамп на местото на Источното крило на Белата куќа да се изгради сала за балови. Трамп претходно изјави дека неговите планови за таква сала „нема да влијаат на зградата во нејзиниот сегашен изглед“.
– Ова е совршен симбол на неговото претседателствување, посочи Бајден.
– Трамп презеде деструктивни дејствија не само против домот на народот, туку и против Уставот, владеењето на правото и самата наша демократија, додаде поранешниот претседател.
Бајден директно му се обрати на Трамп во својот говор, изјавувајќи дека со своето однесување актуелниот шеф на државата ги посрамил САД и ги издигнал интересите на богатите над оние на обичните Американци.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.

