Свет
Бројката загинати шиити во Ирак се искачи на 54
Бројката загинати во самоубиствениот напад врз шиитски верници, што се случи денеска во Багдад, се искачи на 54, а повеќе од 120 лица се повредени, јавија светските медиуми
Според информации со кои располага ирачката војска, нападот го извела жена самоубиец која го активирала експлозивот додека верниците застанале да се освежат во Буб ал-Шам, приградска населба на главниот ирачки град.Генерал-мајорот Касим ал-Мусави, портпарол на командата на Багдад, изјавил за агенцијата дека официјално се потврдени 19 жртви и 80 ранети.Деновиве стотици илјади шиитски аџии се упатуваат кон Кербала, 110 километри јужно од Багдад. На 5-ти февруари во спомен на 40-от ден од имамот Хусеин, внукот на пророкот Мухамед, син на Али кој загинал во 680 г. во битката со војската на омедејскиот калиф Јазид во пустината кај Кербала. Според традицијата, верниците пешачат до светилиштето и таму се камшикуваат во знак на покајание што не му помогнале на имамот.Празникот Ашура кој се слави кон крајот на декември, во Ирак и Пакистан беше повод за повеќе напади врз шиитите. Тие со овој десетдневен празник ја одбележуваат годишнината од загинувањето на големиот имам Хусеин, Муслиманите сунити не го признаваат Хусеин за наследник на Мухамед, што е основата за расколот во исламот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.